Close Menu
Press24
    Најново

    Речиси 30 степени од рано наутро – УХМР предупредува за пеколен ден, од утре голема промена

    12.08.2026 во 08:58

    Внимавате ако летувате во Хрватска – Желка повторно нападна човек во морето, петти случај за еден месец

    12.08.2026 во 08:54

    СДСМ удри по Мицкоски: „Замина на одмор додека Гостивар се труе – Кога има лента за сечење – доаѓаат, во криза исчезнуваат“

    12.08.2026 во 08:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Речиси 30 степени од рано наутро – УХМР предупредува за пеколен ден, од утре голема промена
    • Внимавате ако летувате во Хрватска – Желка повторно нападна човек во морето, петти случај за еден месец
    • СДСМ удри по Мицкоски: „Замина на одмор додека Гостивар се труе – Кога има лента за сечење – доаѓаат, во криза исчезнуваат“
    • Детенцето јадело виршли кога кучето му се нафрлило – Нови детали за хоророт во Шуто Оризари
    • ФОТО: Познат лекар загина во бизарна несреќа на летување – Трагедија го потресе регионот
    • Интервентната полиција во акција: Скопјанец приведен со револвер и куршуми
    • Охридскиот договор 25 години подоцна: Денеска разговори, утре одбележување на Камениот мост
    • Матурантите кои не положија во јуни добиваат нова шанса – Почнува августовската матура
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Охридскиот договор 25 години подоцна: Денеска разговори, утре одбележување на Камениот мост

    Охридскиот договор 25 години подоцна: Денеска разговори, утре одбележување на Камениот мост

    12.08.2026 во 08:21Updated:12.08.2026 во 08:591 Min Read
    Министерство за односи меѓу заедниците
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Одбележувањето на 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор започнува денеска со серија панел-дискусии, а главниот настан е предвиден за утре на Камениот мост во Скопје.

    Под покровителство на Министерството за односи меѓу заедниците и министерот Агон Ферати, денеска во Клубот на пратеници ќе се одржат три панел-дискусии посветени на досегашната примена на Договорот, меѓуетничките односи и неговата улога во идниот развој на земјата.

    Првата дискусија ќе биде посветена на Охридскиот рамковен договор и патот кон европската интеграција. Ќе се разговара за неговото спроведување, наследството, соживотот и инклузијата на заедниците, како и за современите предизвици и европската перспектива на Македонија.

    На вториот панел, под наслов „Иднината на Охридскиот договор и градењето одржлив мир“, ќе се разгледува неговото значење за стабилноста, меѓуетничкиот соживот и демократскиот развој, со посебен акцент на идните предизвици и улогата на институциите.

    Третата панел-дискусија ќе се фокусира на децентрализацијата и локалниот развој како основа за јакнење на демократијата и социјалната кохезија. Ќе се разговара и за поголемото учество на граѓаните, функционалноста на локалните институции и еднаквите можности за развој.

    Главниот настан по повод 25-годишнината ќе се одржи утре од 19:30 часот на Камениот мост во Скопје.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Речиси 30 степени од рано наутро – УХМР предупредува за пеколен ден, од утре голема промена

    12.08.2026 во 08:58

    Внимавате ако летувате во Хрватска – Желка повторно нападна човек во морето, петти случај за еден месец

    12.08.2026 во 08:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.