Close Menu
Press24
    Најново

    Пулс“ без противпожарна заштита и со над 600 гости: Вештаците откриваат како пропустите придонеле за трагедијата

    12.08.2026 во 08:16

    Огнен аларм во Македонија: 24 пожари за 24 часа – Еве каква е состојбата утринава

    12.08.2026 во 08:09

    Ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања низ Скопје

    12.08.2026 во 08:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пулс“ без противпожарна заштита и со над 600 гости: Вештаците откриваат како пропустите придонеле за трагедијата
    • Огнен аларм во Македонија: 24 пожари за 24 часа – Еве каква е состојбата утринава
    • Ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања низ Скопје
    • Уште еден пеколен ден – Од утре УХМР најавува пресврт на времето
    • Се омажи Талула, ќерката на Деми Мур и Брус Вилис
    • Многу луѓе се заглавени под урнатините по земјотресот во Колумбија
    • Да помогнеме: Исчезна скопјанец – последен пат е виден во Ново Лисиче
    • Јаневска: Учебниците ќе бидат навреме доставени, вештачката интелигенција треба да се користи етички во образованието
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пулс“ без противпожарна заштита и со над 600 гости: Вештаците откриваат како пропустите придонеле за трагедијата

    Пулс“ без противпожарна заштита и со над 600 гости: Вештаците откриваат како пропустите придонеле за трагедијата

    12.08.2026 во 08:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Судењето за трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ продолжува денеска во судницата во „Идризово“, со изведување на градежното вештачење и распит на вештаците кои работеле на него.

    На претходното рочиште, професорот од Градежниот факултет при УКИМ и судски вештак Горан Марковски истакна дека анализата покажала сериозни пропусти во функционирањето на системот, како и непочитување на стандардите, прописите и процедурите.

    Според неговото сведочење, во објектот практично немало преземено мерки за противпожарна заштита. Немало ниту соодветни излези за евакуација, а капацитетот на просторот бил околу 363 лица, додека во критичната ноќ во дискотеката имало повеќе од 600 посетители.

    Марковски посочи и на материјалите употребени во објектот, меѓу кои имало и горлив материјал кој при согорување испушта токсичен чад и горливи капки. Истовремено, дел од конструкцијата покажувал знаци на изложеност на екстремно високи температури – челичните елементи биле деформирани, а биле пронајдени и стопени стаклени шишиња.

    Во продолжението на постапката се очекува да бидат разгледани причинско-последичните врски и пропустите поврзани со материјалите, контролата, документацијата, пренамената на објектот и стручниот надзор.

    Со денешното изведување на доказите, како што е најавено, треба да заврши доказната постапка на Обвинителството.

    Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, додека обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

    Во пожарот што избувна во „Пулс“ на 16 март 2025 година, за време на настап на групата ДНК, загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Трагедијата се вбројува меѓу најтешките во поновата историја на Македонија.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Огнен аларм во Македонија: 24 пожари за 24 часа – Еве каква е состојбата утринава

    12.08.2026 во 08:09

    Ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања низ Скопје

    12.08.2026 во 08:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.