Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска: Околу 4.000 првачиња сè уште не се запишани, но конечните бројки ќе бидат познати до крајот на септември

    Јаневска: Околу 4.000 првачиња сè уште не се запишани, но конечните бројки ќе бидат познати до крајот на септември

    11.08.2026 во 21:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Околу 4.000 деца кои годинава треба да започнат со настава во прво одделение сè уште не се запишани, но бројката не е конечна бидејќи дел од родителите традиционално ги запишуваат децата кон крајот на август и во текот на септември, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска во интервју за телевизија Сител.

    Таа појасни дека Министерството за образование и наука конечните податоци за бројот на запишани првачиња ќе ги има до крајот на септември.

    -Дел од учениците кои требаше да бидат запишани во мај и јуни сè уште не се запишани. Тоа е пракса и од претходните години. Одреден број родители ги запишуваат своите деца кон крајот на август, па дури и во текот на септември. Дополнително, не сите училишта навреме ги внесуваат податоците во е-дневникот, а бројките ги добиваме токму од тој систем, појасни Јаневска.

    Таа посочи дека дел од родителите се враќаат од работа во странство непосредно пред почетокот на учебната година, поради што се очекува дел од децата допрва да бидат запишани.

    Говорејќи за намалениот број првачиња во однос на лани, министерката нагласи дека врз ова влијае пред сè падот на наталитетот.

    -Генерацијата што сега се запишува во прво одделение е родена во 2020 година, а статистичките податоци покажуваат дека наталитетот во тие години бележи пад. Тоа е една од причините за намалениот број ученици, истакна Јаневска.

    Таа додаде дека дел од децата сè уште не се вклучени во образовниот процес, што претставува предизвик со кој институциите континуирано работат на терен.

    Одговарајќи на прашање за причините поради кои некои деца не посетуваат настава, Јаневска истакна дека во минатото имало случаи на нивно ангажирање како работна сила, најчесто во земјоделството, но дека таквата појава значително се намалува.

    Прочитај повеќе

    Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор

    22.10.2026 во 23:43

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.