Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Нови контроли од УЈП: Започна проверка на приливите од странство за 2021 година, испратени предупредувања до граѓаните
    • Скок на енергетските пазари: Нафтата достигна највисока цена во последните пет месеци
    • Масовни протести во Франција – Затворени музеи и институции, распоредени 70.000 полицајци
    • Сообраќајка во Скопје: 75-годишен велосипедист тешко повреден во судир со мопед
    • 19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија
    • Полициска акција низ Скопје: Уапсени седум скопјани и турски државјанин со марихуана, бела прашкаста материја и дигитална вага
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Превозниците од регионот се обединија околу проблемот со Шенген зоната за професионалните возачи – одржана регионална средба во организација на „Макам-транс“

    Превозниците од регионот се обединија околу проблемот со Шенген зоната за професионалните возачи – одржана регионална средба во организација на „Макам-транс“

    11.08.2026 во 14:091 Min Read
    ФОТО: Макам транс
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во организација на Асоцијацијата „Макам-транс“, денеска се одржа регионална средба на претставници на здруженијата на превозници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

    Главна тема на состанокот беа актуелните проблеми со кои се соочуваат професионалните возачи во однос на ограничувањето и броењето на деновите за престој во Шенген зоната, како и дефинирање чекори за надминување на оваа состојба.

    Претставниците на сите здруженија потврдија дека постои заеднички став за изнаоѓање соодветно и одржливо решение, имајќи го предвид значењето на професионалните возачи и транспортниот сектор за економиите во регионот и непреченото одвивање на меѓународниот превоз.

    На средбата беше истакната потребата од интензивирање на комуникацијата со релевантните институции на Европската Унија и изнаоѓање решение од страна на Европската комисија. Ова решение, како што беше посочено, мора да ги земе предвид специфичностите на професионалните возачи кои секојдневно ја вршат својата работа на територијата на земјите од Шенген зоната.

    Од „Макам-транс“ информираат дека регионалната соработка и заедничкото делување ќе продолжат и во наредниот период со цел да се обезбеди непречено функционирање на транспортниот сектор.

    Прочитај повеќе

    Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“

    24.10.2026 во 14:30

    Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец

    24.10.2026 во 14:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.