Close Menu
Press24
    Најново

    Илиевска: Над 330.000 пензионери добија линеарно зголемување на пензиите

    11.08.2026 во 13:15

    Стојаноски: Официјалните податоци ги демантираа невистините на СДС, Македонија има една од најниските стапки на инфлација

    11.08.2026 во 13:07

    Андоновски: Филипче и Младеновска да одговорат зошто молчеле за над 400 извештаи за загадена вода во Гостивар

    11.08.2026 во 12:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Илиевска: Над 330.000 пензионери добија линеарно зголемување на пензиите
    • Стојаноски: Официјалните податоци ги демантираа невистините на СДС, Македонија има една од најниските стапки на инфлација
    • Андоновски: Филипче и Младеновска да одговорат зошто молчеле за над 400 извештаи за загадена вода во Гостивар
    • Манасиевски: Кога немаат идеи и резултати, во СДС произведуваат конфликти за да останат во центарот на вниманието
    • Манасиевски: СДС е против прославата на независноста, за нив уништувањето е пасија
    • Стефковски: Младите до 35 години во Гази Баба ослободени од плаќање комуналии за изградба на куќа
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС со години криеше дека водата во Гостивар не е за пиење, а сега шири хистерија
    • Жерновски: Кој ќе сноси одговорност за грешката со државното знаме и понижувањето на државниот симбол?
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Илиевска: Над 330.000 пензионери добија линеарно зголемување на пензиите

    Илиевска: Над 330.000 пензионери добија линеарно зголемување на пензиите

    11.08.2026 во 13:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дијана Илиевска, на денешната прес-конференција го истакна исполнувањето на ветувањето за линеарно зголемување на пензиите за сите највозрасни граѓани во државата.

    Таа посочи дека пензионерите се заслужна категорија граѓани за кои државата мора да покаже вистинска грижа.

    „Почитувани, пензионерите не се највозрасните граѓани кои го заокружиле својот работен век, туку тие се најзаслужната категорија на граѓани кои со својата пот и неуморна работа ја граделе државата. Имајќи го ова предвид, уште во опозиција се обврзавме дека нема пензионерите повеќе да бидат заборавени, ниту да живеат на маргините на општеството, туку ќе добијат вистинската грижа од државата за безгрижни пензионерски денови“, изјави Илиевска.

    Пратеничката ги изнесе конкретните бројки во однос на реализираното покачување.

    „Ветивме дека секој еден пензионер, односно над 330.000 пензионери, без разлика на износот на пензијата, во својот домашен буџет ќе добие линеарно зголемување од 5.000 денари. За само две години од мандатот успеавме да го исполниме ова ветување, со што пензиите на сите пензионери се зголемија линеарно за 7.000 денари“, истакна таа.

    Илиевска појасни дека со овој чекор се заштитени граѓаните со најниски примања и ги наведе новите износи на пензиите.

    „Со ова линеарно покачување ги заштитивме оние со најниски примања, но истовремено дадовме заслужено зголемување за сите кои со децении го градеа ова општество. Така, најниската пензија, која порано за жал не беше доволна ниту за основните животни потреби, благодарение на исполнетото ветување на Владата, се зголеми и сега изнесува 18.192 денари. Додека, пак, просечната пензија достигна историски највисоко ниво и денес изнесува околу 28.120 денари“, нагласи Илиевска.

    На крајот, пратеничката порача дека поддршката за највозрасните останува висок приоритет.

    „Почитувани, за нас, грижата за возрасните лица и понатаму останува еден од приоритетите и во таа насока ќе продолжиме да работиме со посветено, одговорно и домаќинско работење за сите граѓани“, заклучи Илиевска.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Официјалните податоци ги демантираа невистините на СДС, Македонија има една од најниските стапки на инфлација

    11.08.2026 во 13:07

    Андоновски: Филипче и Младеновска да одговорат зошто молчеле за над 400 извештаи за загадена вода во Гостивар

    11.08.2026 во 12:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.