Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стојаноски: Официјалните податоци ги демантираа невистините на СДС, Македонија има една од најниските стапки на инфлација

    Стојаноски: Официјалните податоци ги демантираа невистините на СДС, Македонија има една од најниските стапки на инфлација

    11.08.2026 во 13:073 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната прес-конференција ги презентираше последните податоци од Државниот завод за статистика во врска со инфлацијата и цените на мало, истакнувајќи дека тие целосно ги демантираат тврдењата на опозициската СДСМ.

    Стојаноски нагласи дека бројките за јули покажуваат стабилност на економијата и значително намалување на ценовниот притисок.

    „Почитувани, додека СДС го градеше својот летен наратив од паника и невистини, во сенка на нивните преписки излегоа официјалните податоци на Државниот завод за статистика за инфлацијата и цените на мало во јули годинава. И тие податоци се јасни, проверливи и за жал талогот од СДС, не може да ги побие. Инфлацијата во јули 2026 година изнесува 2,3% на годишно ниво. За споредба, просекот во Европа е 2,9%. Значи, Македонија денеска има една од најниските стапки на инфлација“, изјави Стојаноски.

    Тој даде детален преглед на движењето на стапката на инфлација во изминатите неколку месеци.

    „Еве како се движеше инфлацијата од март до јули годинава. Во март, инфлацијата изнесуваше 4,9%, а цените на мало 3,4%. Во април, инфлацијата се искачи на 5,7%, со цени на мало од 5%. Во мај, инфлацијата беше 4,8%, а цените на мало 5,6%. Во јуни, инфлацијата падна на 3,4%, со цени на мало од 3,6%. А во јули пак, инфлацијата изнесуваше 2,3%, а цените на мало 1,8%. Од априлскиот врв до јули, годишната стапка на инфлација падна за 3,4 процентни поени односно скоро 60% пониска во однос на априлското ниво“, истакна тој.

    Пратеникот посочи дека најзабележителен пад има кај основните прехранбени производи, правејќи и споредба со изминатите години.

    „Особено охрабрувачки е трендот кај храната и безалкохолните пијалаци, каде цените во јули се намалија за 1,1% во однос на јуни, а стапката падна од 5,6% во мај на 1,8% во јули пад од 3,8 процентни поени за само два месеца. Единствениот посериозен месечен притисок доаѓа од транспортот, со раст од 4,4%, но тоа не го менува општиот тренд на смирување. Само за споредба, просечната инфлација во периодот март-јули 2022 година, кога економијата ја водеа токму нивните т.н. „експерти“, изнесуваше 12,34%. Во истиот период годинава, 4,22%. Кај цените на мало, разликата е слична: 12,1% тогаш, наспроти 3,88% сега“, изјави Стојаноски.

    Тој посочи и други позитивни економски показатели за извозот, индустријата и вработеноста.

    „СДС сакаше народот да поверува дека пониска инфлација значи замрзната економија. Бројките го покажуваат спротивно. Извозот во првите пет месеци од 2026 година е зголемен за околу 8% на годишно ниво. Индустриското производство во јуни бележи раст од 6,5%, а преработувачката индустрија дури 7,9% раст. БДП во првото тримесечје порасна за 3,1% на годишно ниво. Бројот на вработени е повисок отколку минатата година, а невработеноста падна од 11,7% на 11,3%. Даночните и вкупните буџетски приходи бележат раст“, порача тој.

    На крајот, Стојаноски истакна дека Владата продолжува со мерките што го штитат животниот стандард.

    „Почитувани, талогот се обидува да шири хистерија затоа што реалните бројки не одговараат на нивната стратегија, немаат интерес од официјални податоци кои ја рушат нивната кампања базирана на лажни тези и вештачки создадена хистерија. Логиката на СДС е веќе позната, колку се поголеми нивните лаги, толку погласна треба да биде таа нивна хистерија за да ги прикрие. Ние ќе продолжиме со политиките кои го штитат стандардот на граѓаните, кои носат нови вложувања и отвораат нови работни места, а бројките потврдуваат дека се движиме во правилна насока“, заклучи Стојаноски.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.