Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Кога немаат идеи и резултати, во СДС произведуваат конфликти за да останат во центарот на вниманието

    Манасиевски: Кога немаат идеи и резултати, во СДС произведуваат конфликти за да останат во центарот на вниманието

    11.08.2026 во 12:492 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати критики до опозициската партија, обвинувајќи ги дека наместо да понудат идеи и резултати, се фокусираат на создавање конфликти и поделби.

    Манасиевски порача дека таквата политика на опозицијата има за цел да го привлече вниманието на јавноста преку инциденти.

    „Почитувани, кога немаат идеи и резултати, во СДС произведуваат конфликти за да останат во центарот на вниманието. Суштината на политиката што ја гледаме од раководството на талогот Венко Филипче е Македонија да зборува за инциденти, расправии и поделби. Затоа што тие се навикнати на таков начин на водење на држава, па сега мислат дека така повторно ќе дојдат на власт“, изјави Манасиевски.

    Според портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, конкретен пример за ова биле и последните случувања на терен.

    „Таа политика излезе на виделина кога пратија осудени насилници да направат инцидент во Ново Село токму кога и претседателот Мицкоски беше таму. Ефтимов и Стојанов, децата на Заев, осудени насилници без проблеми се ставија на располагање на Филипче и без никакво размислување отидоа да направат инцидент“, истакна тој.

    Тој заклучи дека граѓаните ги препознаваат ваквите намери и дека не очекуваат ништо друго освен манипулации.

    „Но граѓаните ги прочитаа. Граѓаните знаат дека од овој СДС освен создавање на хаос и инциденти, проблеми и манипулации, друго и не може да се очекува“, порача Манасиевски.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.