Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СОС Детско село одбележа 25 години, Карпош доби признание за својот придонес
    • Малолетник преживеал хорор на Бит Пазар
    • Граната најдена во двор во Битола
    • Измама во Македонија: Дал 3.000 евра аванс, па сфатил дека е измамен
    • Температурите во осум часот низ Македонија – Студ, сонце, па голем пресврт со времето до крај на неделата
    • Македонските автори и книги на Саемот во Франкфурт
    • СДСМ обвинува: Владата ќе се задолжи за нови 250 милиони евра
    • ФОТО: Почина познатиот светски актер – Го нашле мртов во домот, лекарите го реанимирале но му немало спас
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » УЈП подготвува воведување на системот е-Фактура, 80 претставници од општини и ЈКП на обука

    УЈП подготвува воведување на системот е-Фактура, 80 претставници од општини и ЈКП на обука

    11.08.2026 во 10:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Управата за јавни приходи (УЈП), во соработка со Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), организираше обука за подготовка на општините и јавните комунални претпријатија за воведување на системот е-Фактура. На обуката учествувале 80 претставници од општините и јавните претпријатија.

    На учесниците им биле презентирани функционалностите на системот, начинот на користење, како и обврските и придобивките од електронското фактурирање. Тимот на УЈП ги запознал присутните и со бесплатната веб-апликација преку која ќе може да се користи системот, а биле разгледани и прашања поврзани со неговата практична примена.

    Од УЈП ги повикале општините и ЈКП активно да го тестираат системот и навремено да доставуваат предлози за негово подобрување. Особено внимание било посветено на можноста ЈКП да испраќаат поголем број фактури до граѓаните, поврзувањето на постојните информациски системи со е-Фактура и користењето на веќе постоечки квалификувани електронски сертификати.

    Во пилот-фазата системот може да се тестира преку директно поврзување со деловните информациски системи преку API-интерфејс или преку веб-апликацијата.

    Во моментов се тестираат повеќе функционалности, меѓу кои креирање, прием, валидација, преземање, прифаќање, одбивање и сторнирање на електронски фактури. Во следниот период се планира постепено проширување на тестирањето до целосно вклучување на сите процеси и видови документи.

    Од УЈП оценуваат дека навременото вклучување на општините и јавните претпријатија е особено важно, бидејќи ЈКП се меѓу најголемите издавачи на фактури во јавниот сектор.

    УЈП најавува и продолжување на информативните и едукативните активности за навремена подготовка на сите обврзници за примената на системот е-Фактура, со кој се очекува поефикасно и побрзо фактурирање и поголема транспарентност на деловните процеси.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    СОС Детско село одбележа 25 години, Карпош доби признание за својот придонес

    07.10.2026 во 08:44

    Малолетник преживеал хорор на Бит Пазар

    07.10.2026 во 08:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.