Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СОС Детско село одбележа 25 години, Карпош доби признание за својот придонес
    • Малолетник преживеал хорор на Бит Пазар
    • Граната најдена во двор во Битола
    • Измама во Македонија: Дал 3.000 евра аванс, па сфатил дека е измамен
    • Температурите во осум часот низ Македонија – Студ, сонце, па голем пресврт со времето до крај на неделата
    • Македонските автори и книги на Саемот во Франкфурт
    • СДСМ обвинува: Владата ќе се задолжи за нови 250 милиони евра
    • ФОТО: Почина познатиот светски актер – Го нашле мртов во домот, лекарите го реанимирале но му немало спас
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хорор во Шутка – Куче искасало едногодишно дете

    Хорор во Шутка – Куче искасало едногодишно дете

    11.08.2026 во 10:191 Min Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Дете на возраст од година ипол било нападнато и искасано од улично куче во дворот на семејниот дом во Шуто Оризари, информираат неговите родители, пренесува РомаПрес.

    Според сведоштвото на семејството, кучето најверојатно влегло во дворот додека членовите на семејството биле на терасата. Детето во тој момент било малку подалеку од останатите. Кога мајката се обидела да го избрка кучето, животното, според нивното сведоштво, се нафрлило врз детето.

    При нападот, детето се здобило со повеќе каснувања и повреди по телото, меѓу кои и во пределот на лицето, увото и трупот. Веднаш било пренесено во здравствена установа, каде што му била укажана медицинска помош.

    Според медицинската документација, случајот е евидентиран како каснување од куче. На детето му била дадена вакцина против беснило, а лекарите препорачале продолжување на предвидените дози и примање антирабичен серум согласно медицинската проценка.

    Случајот бил пријавен во полиција, а семејството ангажирало и адвокат.

    Родителите посочуваат дека располагаат со медицинска документација која потврдува дека детето било третирано поради повреди предизвикани од каснување од куче.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    СОС Детско село одбележа 25 години, Карпош доби признание за својот придонес

    07.10.2026 во 08:44

    Малолетник преживеал хорор на Бит Пазар

    07.10.2026 во 08:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.