Close Menu
Press24
    Најново

    Лазов по кривичната пријава од СДСМ: „Најпрво одговорете што направивте за водата во Гостивар“

    11.08.2026 во 09:23

    Драма во Скопје, деца ограбувале дете – Полицијата ги приведе

    11.08.2026 во 09:19

    СДСМ: ЗНАМ нека објасни за Груевски, субвенциите и тендерите, граѓаните не мора да чекаат до септември

    11.08.2026 во 09:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Лазов по кривичната пријава од СДСМ: „Најпрво одговорете што направивте за водата во Гостивар“
    • Драма во Скопје, деца ограбувале дете – Полицијата ги приведе
    • СДСМ: ЗНАМ нека објасни за Груевски, субвенциите и тендерите, граѓаните не мора да чекаат до септември
    • Знамето се смени, химната остана иста: На 11 август пред 34 години Македонија ги доби своите државни симболи
    • Дневен хороскоп: Неочекувани трошоци за Близнаците, одличен ден за Раковите
    • Ѓорѓиевски: По три децении празни ветувања – За три месеци ја решивме голготата на 100.000 граѓани
    • Семејна драма во Македонија: Таткото и братот ја нападнале неа и сопругот
    • Ужас во Македонија: 52-годишен маж полово вознемирувал малолетничка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лазов по кривичната пријава од СДСМ: „Најпрво одговорете што направивте за водата во Гостивар“

    Лазов по кривичната пријава од СДСМ: „Најпрво одговорете што направивте за водата во Гостивар“

    11.08.2026 во 09:232 Mins Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Д-р Кирил Лазов, директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, инаку, специјалист по трансфузиона медицина, реагира по повод кривичната пријава од СДСМ за случајот во Гостивар, а во која е наведено и неговото име.

    Интегрален текст:

    „Уште една небулозна кривична пријава од СДСМ, уште еден обид со политички театар да се прикрие недостатокот на одговори за сопственото постапување

    „Наместо со кривични пријави да бараат виновници на прес-конференции, најпрво треба да дадат одговори што направиле тие додека биле надлежни, какви мерки преземале и што пропуштиле да преземат во однос на долгогодишниот проблем со водата во Гостивар.

    Најлесно е денес да се впери прст кон други. Многу потешко е да се погледне сопственото постапување од времето кога ја имавте одговорноста и институциите во свои раце.

    Ваквите политички маневри нема да го променат мојот пристап. Продолжувам со професионална, одговорна и законита работа, исклучиво во рамките на надлежностите на ДСЗИ.

    Секоја одлука и секое постапување во рамките на моите надлежности е достапно за проверка од надлежните институции. Институциите нека постапуваат, а фактите нека зборуваат.

    Нема да дозволам дневно политичките пресметки да го нарушат достоинството на ДСЗИ, ниту угледот на професионалците кои чесно, посветено и одговорно ја извршуваат својата работа.

    Продолжувам со крената глава, чиста совест и уште поголема посветеност на работата”.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Драма во Скопје, деца ограбувале дете – Полицијата ги приведе

    11.08.2026 во 09:19

    СДСМ: ЗНАМ нека објасни за Груевски, субвенциите и тендерите, граѓаните не мора да чекаат до септември

    11.08.2026 во 09:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.