Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СОС Детско село одбележа 25 години, Карпош доби признание за својот придонес
    • Малолетник преживеал хорор на Бит Пазар
    • Граната најдена во двор во Битола
    • Измама во Македонија: Дал 3.000 евра аванс, па сфатил дека е измамен
    • Температурите во осум часот низ Македонија – Студ, сонце, па голем пресврт со времето до крај на неделата
    • Македонските автори и книги на Саемот во Франкфурт
    • СДСМ обвинува: Владата ќе се задолжи за нови 250 милиони евра
    • ФОТО: Почина познатиот светски актер – Го нашле мртов во домот, лекарите го реанимирале но му немало спас
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Знамето се смени, химната остана иста: На 11 август пред 34 години Македонија ги доби своите државни симболи

    Знамето се смени, химната остана иста: На 11 август пред 34 години Македонија ги доби своите државни симболи

    11.08.2026 во 09:062 Mins Read
    Принтскрин, Youtube
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На 11 август 1992 година, со закон „Денес над Македонија“ е прогласена за државна химна на независна Македонија. Денес, 34 години подоцна, химната останува еден од симболите на македонската држава.

    Автор на текстот е Владо Малески, а музиката е на Тодор Скаловски. Песната е напишана во 1941 година, а за првпат била изведена на пречекот на Новата 1942 година во Струга, во куќата на Сотир Шута.

    По завршувањето на Втората светска војна, „Денес над Македонија“ била усвоена како химна на СР Македонија во рамките на поранешна Југославија. По осамостојувањето, на 11 август 1992 година со закон е прогласена и за химна на независната македонска држава.

    Текстот на химната низ годините претрпел одредени измени. Од првичната верзија од 1941 година биле изоставени имињата на Никола Карев и Димитар Влахов, а било додадено името на Даме Груев.

    Првата изведба на песната се случила на новогодишниот пречек во Струга, на кој присуствувале активисти на ослободителното движење од Струга и Струшкиот Регион.

    Владо Малески подоцна раскажувал дека новогодишниот пречек бил искористен како можност за собирање на младината и разговор за претстојниот вооружен отпор против фашизмот. Токму во рамките на таа програма, Малески, заедно со Боро Путе и Димче Кошарко, ја подготвиле песната „Денес над Македонија“.

    Песната набрзо станала широко прифатена низ Македонија, а со текот на времето се наметнала како еден од најпрепознатливите симболи на македонската државност.

    На 11 август 1992 година, Собранието го утврди државното знаме. Знамето имало црвена подлога, а во средината било поставено златно-жолто сонце со 16 зраци – осум основни и осум дополнителни. Законот бил усвоен на 11 август, а веќе следниот ден бил објавен во „Службен весник“.

    Ова знаме останало во употреба во првите години по осамостојувањето, сè до 1995 година, кога било заменето со денешното знаме.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    СОС Детско село одбележа 25 години, Карпош доби признание за својот придонес

    07.10.2026 во 08:44

    Малолетник преживеал хорор на Бит Пазар

    07.10.2026 во 08:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.