Close Menu
Press24
    Најново

    Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар

    29.10.2026 во 20:46

    Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца

    29.10.2026 во 20:14

    Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе

    29.10.2026 во 20:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар
    • Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца
    • Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе
    • Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата
    • Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања
    • Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада
    • Сали во Даблин: Охридскиот договор е трајна обврска, а не само историски документ
    • Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Алармантна состојба во Шпанија: Пожарите беснеат на 90 километри од Мадрид, изгорени 200.000 хектари

    Алармантна состојба во Шпанија: Пожарите беснеат на 90 километри од Мадрид, изгорени 200.000 хектари

    10.08.2026 во 19:311 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Шумските пожари на југот и во централниот дел на Шпанија – во регионите Уелва, Кастиља и Сеговија, на само околу 90 километри оддалеченост од Мадрид – сè уште се активни, соопштија шпанските власти. Нивното гаснење бара максимална мобилизација и распоредување на голем контингент копнени и воздухопловни ресурси.

    Во акцијата за гаснење ширум земјата денеска учествуваат 21 авион и околу 300 пожарникари, меѓу кои и припадници на специјализираната Воена единица за вонредни ситуации, јави шпанската национална телевизија РТВЕ.

    Изминатата ноќ донесе одредено олеснување за противпожарните тимови поради падот на температурите и зголемувањето на релативната влажност на воздухот. Сепак, властите остануваат во состојба на зголемена готовност и предупредуваат на опасностите поради најавената промена на правецот на ветерот и значителниот пораст на температурите во наредните денови.

    Според податоците од Министерството за еколошка транзиција, ситуацијата со пожарите оваа година е алармантна:

    • Досега во Шпанија се регистрирани 40 големи шумски пожари, наспроти 15 во истиот период лани.
    • Од почетокот на годината во огнената стихија изгореле околу 200.000 хектари земјиште, што претставува бројка шест пати поголема во споредба со истиот период во 2015 година.
    Прочитај повеќе

    Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца

    29.10.2026 во 20:14

    Русите подготвуваат оружје како од научнофантастичен филм

    29.10.2026 во 17:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.