Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести за возачите: Дизелот поевтинува за 8, а бензините за 4 денари

    10.08.2026 во 12:51

    Манасиевски: Филипче ги прати во Ново Село лицата кои глумат жртви, а беа фатени во паника

    10.08.2026 во 12:34

    Владата ја усвои првата приоритетна листа: 41 проект за јавни инвестиции вредни над 5 милиони евра

    10.08.2026 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Одлични вести за возачите: Дизелот поевтинува за 8, а бензините за 4 денари
    • Манасиевски: Филипче ги прати во Ново Село лицата кои глумат жртви, а беа фатени во паника
    • Владата ја усвои првата приоритетна листа: 41 проект за јавни инвестиции вредни над 5 милиони евра
    • Фрчкоски: Поднесовме кривична пријава за загрозување на здравјето на 5.000 граѓани во Гостивар
    • Во петок се празнуваат Светите маченици Макавејски
    • Дрска кражба во центарот на Скопје: Тинејџер од Кочани со сила и го одзел накитот на 70-годишна скопјанка
    • Полициска акција во Штип: Фатени на дело при продажба на марихуана, пронајдена дрога, пари и нож
    • На повидок разладување во Македонија – температурите ќе паднат за неколку степени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Одлични вести за возачите: Дизелот поевтинува за 8, а бензините за 4 денари

    Одлични вести за возачите: Дизелот поевтинува за 8, а бензините за 4 денари

    10.08.2026 во 12:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81% во однос на претходната пресметка.

    Одлуката стапува на сила од ноќеска на полноќ (11 август 2026 година од 00:01 часот), а новите максимални цени на горивата ќе изнесуваат:

    • ЕУРОСУПЕР БС – 95: 87,00 (денари/литар)
    • ЕУРОСУПЕР БС – 98: 89,00 (денари/литар)
    • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 91,50 (денари/литар)
    • Екстра лесно 1 (ЕЛ-1): 92,50 (денари/литар)
    • Мазут М-1 НС: 43,538 (денари/килограм)

    Според новата одлука, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 4,00 денари по литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 8,00 денари по литар, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинува за 6,00 денари по литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,881 денари по килограм.

    Поевтинувањето е резултат на падот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, каде што кај бензините има намалување во просек за 6,186%, кај дизелот за 10,435%, кај екстра лесното масло за 8,138% и кај мазутот за 7,151%. Курсот на денарот во однос на доларот исто така е понизок за 1,0313%.

    Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните утврдени цени, но трговците на големо и мало можат да ги формираат цените и пониско од нив.

    Прочитај повеќе

    Владата ја усвои првата приоритетна листа: 41 проект за јавни инвестиции вредни над 5 милиони евра

    10.08.2026 во 12:30

    Расте цената на нафтата

    10.08.2026 во 10:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.