Close Menu
Press24
    Најново

    Левица: „Груби ја виде Шутка на кратко, а сега е на чекор до слобода“

    10.08.2026 во 09:45

    Летото носи и ризици: ИЈЗ предупредува на сексуално преносливите инфекции

    10.08.2026 во 09:34

    Западна Европа соборува температурни рекорди

    10.08.2026 во 09:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Левица: „Груби ја виде Шутка на кратко, а сега е на чекор до слобода“
    • Летото носи и ризици: ИЈЗ предупредува на сексуално преносливите инфекции
    • Западна Европа соборува температурни рекорди
    • ФОТО: Запленети 1.296 боци шверцуван фреон во Грција – Дел од товарот влегол од Македонија
    • Вучиќ: Нема да служам на големите сили, служам само на Србија
    • Врели денови и опасност по здравјето: ИЈЗ со апел до повозрасните лица
    • СДСМ: За власта „експертот“ Мицкоски кажа дека водата е исправна, а 4.700 граѓани завршија во болница
    • Дневен хороскоп: Овенот да постави јасни граници, Девицата да се вооружи со трпение
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Левица: „Груби ја виде Шутка на кратко, а сега е на чекор до слобода“

    Левица: „Груби ја виде Шутка на кратко, а сега е на чекор до слобода“

    10.08.2026 во 09:453 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Мицкоски ја хранеше јавноста со приказната дека доаѓа власт пред која крупните риби ќе треперат, дека недопирливите од ДУИ ќе завршат зад решетки и конечно ќе се наплати секој криминал. Од сите тие ветувања и закани денес остана куп партиска хартија и еден спектакуларен автогол – токму Груби, кого ДПМНЕ го претвори во заштитно лице на својата предизборна ‘правда’, им ја претвори најгласната мантра во предмет за потсмев, се наведува во соопштението на Левица.

    -Партијата што уште во февруари триумфално прогласи дека „судскиот процес за Артан почнува, а допрва ќе почне и за сите негови ортаци, правда ќе има“ денес има “мал проблем“ – судски процес нема, затоа што обвинение сè уште нема, Груби е на чекор до слобода, а неговите ортаци не се чепнати. Реалноста беше уште попонижувачка од вмровскара пропаганда. Груби прво им помина преку Блаце додека имаше активна мерка „задржи и веднаш извести“, па повеќе од една година власта што се колнеше дека никој нема да избега од правдата не успеа да го врати. Кога Груби се појави на граничниот премин, ДПМНЕ конечно требаше да ја материјализира целата своја митингашка галама за Шутка, решетки и крупни риби, но нивната страшна железна тупаница се претвори во перница… по само неколку часа Груби беше пратен во куќен притвор, а клучните аргументи беа безбедносните информации на МВР и АНБ. Така изгледа бескомпромисноста на Мицкоски во пракса – на говорница му резервираат ќелија, а кога ќе дојде време државата навистина да го задржи зад решетки, институциите произведуваат образложение зошто е подобро да си оди дома, велат ЛЕВИЦА преку соопштение.

    Додаваат дека според нив, ДПМНЕ со години го користеше Груби како симбол на неказнивоста на ДУИ, а кога ја доби целата извршна власт, самото нивно владеење му овозможи тој симбол на неказнивоста да стане уште подрзок – им избега пред нос, Шутка ја виде на кратко, а сега, без обвинение и пред истек на притворската мерка, е на чекор повторно да им каже „па-па“.

    -Имено, на 22 август истекува актуелната мерка куќен притвор, а Обвинителството сè уште не кажува дали ќе поднесе обвинителен акт, иако уште во февруари официјално кажаа дека во најголем дел доказите се обезбедени. После две години власт, од целата предизборна галерија на мафијаши, криминалци и крупни риби со која Мицкоски собираше гласови, јавноста доби неспоредливо повеќе прес-конференции и ветувања отколку судски епилози. ДПМНЕ го користеше Груби како доказ зошто мора да дојде на власт, па кога дојде – успеа сопствените закани и ветувања да ги претвори во карикатура, велат од ЛЕВИЦА.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Летото носи и ризици: ИЈЗ предупредува на сексуално преносливите инфекции

    10.08.2026 во 09:34

    ФОТО: Запленети 1.296 боци шверцуван фреон во Грција – Дел од товарот влегол од Македонија

    10.08.2026 во 09:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.