Close Menu
Press24
    Најново

    Летото носи и ризици: ИЈЗ предупредува на сексуално преносливите инфекции

    10.08.2026 во 09:34

    Западна Европа соборува температурни рекорди

    10.08.2026 во 09:33

    ФОТО: Запленети 1.296 боци шверцуван фреон во Грција – Дел од товарот влегол од Македонија

    10.08.2026 во 09:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Летото носи и ризици: ИЈЗ предупредува на сексуално преносливите инфекции
    • Западна Европа соборува температурни рекорди
    • ФОТО: Запленети 1.296 боци шверцуван фреон во Грција – Дел од товарот влегол од Македонија
    • Вучиќ: Нема да служам на големите сили, служам само на Србија
    • Врели денови и опасност по здравјето: ИЈЗ со апел до повозрасните лица
    • СДСМ: За власта „експертот“ Мицкоски кажа дека водата е исправна, а 4.700 граѓани завршија во болница
    • Дневен хороскоп: Овенот да постави јасни граници, Девицата да се вооружи со трпение
    • Црн викенд во Македонија: Две лица пронајдени мртви, двајца загинаа во сообраќајки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Црн викенд во Македонија: Две лица пронајдени мртви, двајца загинаа во сообраќајки

    Црн викенд во Македонија: Две лица пронајдени мртви, двајца загинаа во сообраќајки

    10.08.2026 во 09:09Updated:10.08.2026 во 09:352 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Викендот во земјава помина со повеќе трагични настани, меѓу кои и две пронајдени починати лица и две сообраќајни несреќи со смртни последици.

    Во текот на вчерашниот ден, во 20:30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во стан на подрачјето на Карпош била пронајдена почината Е.Д. (45) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција.

    Во Штип, пак, во текот на викендот било пријавено дека во домот е пронајден починат А.П. (38) од Штип. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.

    Смртен биланс има и од две сообраќајни несреќи.

    На 8 август околу 17:10 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар–Кичево се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.С. (34) од село Маврово, гостиварско, и автомобил „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ѓ.П. (63) од Скопје.

    Во несреќата, возачот на „опел астра“, Ѓ.П. (63), починал на местото од здобиените повреди. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Возачот на „пежото“, Н.С. (34), се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентниот центар во Гостивар за укажување лекарска помош.

    Истиот ден, во 05:45 часот, во СВР Битола било пријавено дека на влезот во село Брајчино, Ресенско, мотоциклистот В.Т. (44) од село Љубојно, Ресенско, изгубил контрола над мотоциклот со ресенски регистарски ознаки и излетал од патот.

    Од здобиените повреди, мотоциклистот починал на местото на несреќата, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Летото носи и ризици: ИЈЗ предупредува на сексуално преносливите инфекции

    10.08.2026 во 09:34

    ФОТО: Запленети 1.296 боци шверцуван фреон во Грција – Дел од товарот влегол од Македонија

    10.08.2026 во 09:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.