Close Menu
    Најново

    71-годишна жена нападната од својот син

    17.11.2025 во 20:04

    Германска полиција застрела 12-годишно девојче со српско државјанство

    17.11.2025 во 19:39

    Два авиони кружат над скопското небо – не можат да слетаат

    17.11.2025 во 19:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • 71-годишна жена нападната од својот син
    • Германска полиција застрела 12-годишно девојче со српско државјанство
    • Два авиони кружат над скопското небо – не можат да слетаат
    • СДСМ исклучи советник од членство – гласал за претседател на Совет
    • Генерал предупредува: Се подготвува вооружен напад против Полска
    • Стојаноски: Европската комисија предвидува раст на БДП во следните две години
    • Хаос во Германија: Полицијата добила над 1.000 повици со најави за напади во училишта
    • Кузманоска: Домашните капитални инвестиции во 2026 година ќе бидат мотор за економскиот раст на земјата
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Орце Ѓорѓиевски: Скопје заслужува повеќе – ќе покажеме дека може и поинаку

    Орце Ѓорѓиевски: Скопје заслужува повеќе – ќе покажеме дека може и поинаку

    20.09.2025 во 14:32
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, со инспиративна порака до скопјани ја претстави својата визија за иднината на главниот град. Ѓорѓиевски порача дека Скопје заслужува повеќе и дека промените се можни – со работа, посветеност и визија.

    „Ова не е глас само за мене. Ова е глас за надежта, работата, решителноста. За иднината во која нашите деца ќе растат онака како што ние немавме шанса,“ рече Ѓорѓиевски.

    Тој нагласи дека не настапува со празни зборови, туку со конкретни резултати и реализирани проекти од Општина Кисела Вода, каде што како градоначалник се истакна со реконструкција на улици, уредување паркови и градење игралишта.

    „Тоа што го направивме во Кисела Вода е доказ дека можеме. Тоа ќе го направиме и во Скопје – во секоја населба, за секој граѓанин,“ вети тој.

    Ѓорѓиевски најави конкретни мерки уште во првите денови од мандатот, доколку ја добие довербата на граѓаните. Како прв симболичен, но суштински чекор, тој ја најави акцијата „Генералка на Скопје“ – масовна мобилизација за чистење на градот во првите 72 часа од мандатот.

    „Ќе ги мобилизираме сите – јавни претпријатија, компании, невладини, граѓани – секој што го сака Скопје. Да го исчистиме секое ќоше и да покажеме дека грижата за заедничкиот дом почнува од прагот.“

    Во план е и четиригодишна програма „Град без депонии“, која предвидува воведување дронови и дигитален надзор за следење диви депонии, како и изградба на фабрика за рециклажа.

    Ѓорѓиевски вети и „Еко бригади“ кои 24/7 ќе се грижат за јавната хигиена, како и секојдневно миење на главните булевари со вода под притисок.

    „Скопје заслужува лидери и граѓани што нема да се откажат. Ќе чекориме напред, дури и кога е најтешко. Ние заедно ќе победиме!“ – порача Ѓорѓиевски, испраќајќи силна порака за нов почеток и конкретни промени во Скопје.

    Популарно

    „Бентли“ ти дава крилја: Дозволено 50км/ч – летал со 143 км/ч

    17.11.2025 во 11:57

    Тошковски: Успешно ме оперираа – да се опоравам и се враќам на работа

    17.11.2025 во 15:26

    (ВИДЕО) Потоп во Италија: Луѓе чекаат евакуирање на покривите, се урна и трикатна зграда

    17.11.2025 во 14:24

    Два авиони кружат над скопското небо – не можат да слетаат

    17.11.2025 во 19:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.