Град Скопје ги известува граѓаните на наслеба Драчево дека од денеска Јавното претпријатие за Државни патишта започнува со реконструкција на главниот мост над Маркова Река.
-Поради изведувањето на градежните работи, во наредниот период може да има отежнато одвивање на сообраќајот, како Град Скопје, ве замолуваме за трпение, разбирање и почитување на сообраќајниот ред, најавија од Град Скопје.
Во соопштението од Град Скопје додаваат дека реконструкцијата на мостот е значаен чекор кон подобрување на инфраструктурата и безбедноста за сите граѓани.

