По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Гази Баба на 08.08.2026 во 10:20 часот на ул.„Јани Лукровски“ ги лишија од слобода Џ.А.(26) и А.А.(26), двајцата од с.Брест, скопско, поради сомнение за извршено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од кривичниот зкаоник.
Тие се сомничат дека на 04.07.2026 во 20:45 часот во населба Илинден во Скопје физички и со дрвен предмет го нападнале Б.С.(28) од с.Арачиново, скопско, по што со закана со пиштол му одзеле пари.
Во координација со јавен обвинител против нив е поднесена кривична пријава и изведени пред судија за претходна постапка кој им определи мерки за претпазливост.

