Close Menu
Press24
    Најново

    Кос, Јаневска и Сали во посета на „Стив Наумов“ – Во тек е голема реконструкција

    08.07.2026 во 09:05

    Мисајловски на средби со министрите за одбрана на НАТО: Во фокус модернизацијата на Армијата

    08.07.2026 во 09:03

    УХМР издаде метео-аларм за силен ветер – Попладне невреме во Македонија

    08.07.2026 во 09:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Кос, Јаневска и Сали во посета на „Стив Наумов“ – Во тек е голема реконструкција
    • Мисајловски на средби со министрите за одбрана на НАТО: Во фокус модернизацијата на Армијата
    • УХМР издаде метео-аларм за силен ветер – Попладне невреме во Македонија
    • Несреќа во Македонија: Пензионер прегази 84-годишна жена
    • Драма во скопско: Извадил пиштол и почнал да се заканува
    • Тешка сообраќајка во Македонија: Двајца возачи повредени, 18-годишник возел без дозвола
    • Случајот што ја потресе Македонија – Утре судење на серискиот убиец од Старо Нагоричане
    • Топло од рано наутро, температурите во 8 часот – УХМР со предупредување за попладне
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: Генералка на Скопје во првите 72 часа од мојот мандат

    Ѓорѓиевски: Генералка на Скопје во првите 72 часа од мојот мандат

    20.09.2025 во 13:49Updated:20.09.2025 во 13:521 Min Read
    Орце Ѓорѓиевски, актуелен градоначалник на Кисела Вода, претседател на ЗЕЛС и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Генералка” на Скопје во првите 72 часа од мандатот, најави денеска кандидатот за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Орце Ѓорѓиевски.

    Ѓорѓиевски на промотивниот настан што се одржува во Музејот на современа уметност вети интегриран јавен превоз, еколошки автобуси, целосно реновирање на Универзална сала и киното Милениум, воведување програма Град без депонии и еко бригади. Најави и пошумување на градот, како и 50 мали маалски паркови.

    Како што истакна Ѓорѓиевски, најдоброто за Скопје допрва доаѓа.

    -Пред нас е нова страница – на создавање вредности. Скопје мора да биде град во кој сите ќе живеат убаво. Ова не е само моја патека, туку на сите нас. Стојам пред вас не како политичар, туку како човек кој нема да гледа на мандатот како на личен успех, туку како на обврска кон граѓаните, рече Ѓорѓиевски.

    Скопје, дополни, мора да биде достоинствен дом на сите граѓани.

    По Ѓорѓиевски се обраќа премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

    Мотото на промотивниот настан е „Прво човек, потоа градоначалник“.

    Прочитај повеќе

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството

    07.07.2026 во 22:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.