Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стојчевски: Мицкоски удри по младите затоа што ја кажаа вистината, младите не се плашат-младите ќе победат

    Стојчевски: Мицкоски удри по младите затоа што ја кажаа вистината, младите не се плашат-младите ќе победат

    07.08.2026 во 11:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Ново Село, се случи нешто што не смее да се премолчи.

    Млади активисти на СДСМ беа нападнати од тепачи на Мицкоски.

    Младите стоеја мирно. Носеа транспарент за вистина – дека Гостивар се труе со вода, дека луѓето се разболуваат, дека државата молчи и нема одговорност.

    И за тоа беа нападнати.

    Група насилници, испратени со јасна намера, се обидоа да ги замолчат.

    Меѓу нив има лица поврзани со Мицкоски и ВМРО, членови на ВМРО, пратеници на ВМРО и возачот на градоначалникот од ВМРО, изјави денеска на Прес конференција на СДММ, Трајче Стојчевски – претседател.

    До вчера – медиумски линч, навреди, поделби, лаги. Сега, кога вистината излегува на виделина, лагите веќе не се доволни. Сега следува и физички напад.

    Ова е порака на Мицкоски дека секој млад човек кој ќе проговори против оваа власт – ќе биде нападнат. 

    Порака дека стравот треба да владее кај младите.

    Но тука погрешија. Ние, младите не ви се плашиме.

    Младите се тие кои ќе ве поразат.

    Бараме од Министерството за внатрешни работи и од Обвинителството – веднаш. Не утре. Не за една недела. Веднаш да ги идентификуваат сите учесници во нападот и да ги приведат.

    Да се утврди и кој го дал налогот за нападот врз младите.

    Затоа што ова не беше спонтано. Ова беше испратено.

    Јасно е. Христијан Мицкоски и неговата структура се плашат.

    Се плашат од вистината за водата, за економијата, за иселувањето на младите, за намалениот број на ученици, на првачиња, за хаосот во секој сегмент на државата.

    И кога лагите повеќе не држат – праќаат тепачи.

    Но овој пат погрешија.

    Младите не се плашат. Младите нема да молчат.

    Доаѓа време кога сите што денеска сеат страв ќе одговараат.

    Сите ќе одговарате за криминалот и корупцијата, а особено за ова што удривте на децата.

    Младите ќе победат. Македонија ќе победи, Стојчевски.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.