Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Искористете го сонцето – наскоро доаѓа драстична промена
    • Трагедија ја потресе Македонија: Загинаа две лица, три се повредени
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Жешко утро со пожари: 23 интервенции, уште гори кај Македонски Брод

    Жешко утро со пожари: 23 интервенции, уште гори кај Македонски Брод

    07.08.2026 во 08:141 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    До 7:30 часот утрово, Центарот за управување со кризи (ЦУК) евидентирал 23 пожари на отворен простор на територијата на државата. Од нив, еден пожар и натаму е активен, два се ставени под контрола, додека останатите 20 се целосно изгаснати.

    Активен останува пожарот во месноста Стојанова Населба, во атарот на селото Грешница, Општина Македонски Брод. Таму гори ниска вегетација, грмушки и деградирана шума.

    Под контрола се пожарот на депонијата во Делчево и пожарот во гостиварското село Паталишта, каде што огнот зафатил ниска вегетација и нискостеблеста шума.

    Во текот на изминатото деноноќие биле локализирани и изгаснати пожари на повеќе локации низ земјава. Интервенции имало во општините Босилово, Валандово, Богданци, Гостивар, Желино, Брвеница, Гази Баба, Неготино, Сарај, Карбинци, Штип, Чешиново-Облешево, Ново Село, Кривогаштани, Струга, Македонски Брод, Куманово, Тетово и Долнени.

    Најчесто горела ниска вегетација, но пожарите зафатиле и стрништа, депонии, деградирана и мешана шума, како и нискостеблеста шума.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Искористете го сонцето – наскоро доаѓа драстична промена

    20.09.2026 во 11:40

    Трагедија ја потресе Македонија: Загинаа две лица, три се повредени

    20.09.2026 во 11:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.