Премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска ќе присуствуваат на свеченото потпишување договори за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, дел од источниот крак на Коридорот 8.
Во Владата ќе бидат потпишани договорот за инвестициски грант преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на Европската Унија, како и договори за финансирање со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
Средствата се наменети за реализација на третата фаза од проектот за изградба на железничката делница Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, која е дел од источниот крак на Коридорот 8.

