Close Menu
Press24
    Најново

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    ФОТО: Почина долгогодишен член на СДСМ – „Голема загуба за целото партиско семејство”

    23.09.2026 во 09:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Полска ги подигна борбените авиони: Руски хеликоптер навлегол во воздушниот простор
    • Маж со речиси 3 промили алкохол ја претепал сопругата на пазар – ужас во соседството
    • Велковски на состанок во Подгорица: Се најавува национален агрегатор за млади со визија за регионално поврзување
    • Измерени 5 степени во 14 часот во Македонија – еве каде е најладно
    • Четврти ден без нови хоспитализирани од западнонилска треска: Клековски најави премин кон прскање од земја во наредните години
    • Што добиваат македонските возачи со новата хрватска виза – ќе важи само за во една држава
    • Lidl ја проширува инвестицијата во Битола: Поставен камен-темелник за вториот маркет
    • Јаневска: Сите деца имаат право да учат и да стекнуваат вештини
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » На генерална проба на музичко-сценскиот перформанс за 35 години независна Македонија

    На генерална проба на музичко-сценскиот перформанс за 35 години независна Македонија

    05.08.2026 во 22:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Музиката, движењето и традицијата добиваат нов спој во спектакл што преку современ сценски јазик раскажувa зa приказна за идентитетот, културата и заедништвото.

    Во Националната опера и балет течат подготовките за музичко-сценскиот спектакл што на 9 август премиерно ќе биде изведен на стадионот Билјанини Извори во Охрид по повод 35 години независна Македонија.

    Зад сцената се испишуваат последните страници од една несекојдневна уметничка приказна. Камерата на Сител влезе зад завесите – на генералната проба, токму таму каде што секое движење, секој тон и секоја емоција го добиваат својот конечен облик.

    Режисерот Дејан Пројковски најавува спектакуларна продукција со силна визуелна естетика, жива музика и динамична кореографија.

    Во проектот учествуваат бројни уметници од различни генерации – актери, музичари, танчери и изведувачи, со идеја да се покаже дека традицијата продолжува да живее преку младите.

    Музиката е еден од носечките елементи на овој спектакл. Претставувал вистински предизвик, раскажува композиторот за Сител.

    Додека последните детали се усовршуваат, атмосферата во Националната опера и балет открива дека спектаклот веќе живее – уште пред да излезе пред публиката.

    На истата сцена се среќаваат различни генерации, а традицијата и модерното се спојуваат во музичко сценски спектакл што ветува незаборавно доживување.

    Музичко сценскиот перформанс ќе биде изведен низ плоштадите во повеќе градови.

    Оваа точка претставува дел од серијата настани кои се организираат по повод незвисноста на Македонија. Во рамки на овој јубилеј најавени се и настапите на Хозе Карерас и Macedonian all stars i na Дејвид Гета.

    Прочитај повеќе

    Велковски на состанок во Подгорица: Се најавува национален агрегатор за млади со визија за регионално поврзување

    23.09.2026 во 15:21

    Измерени 5 степени во 14 часот во Македонија – еве каде е најладно

    23.09.2026 во 15:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.