Close Menu
Press24
    Најново

    Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност

    28.10.2026 во 19:29

    „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва

    28.10.2026 во 19:25

    Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари

    28.10.2026 во 19:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трифуновски: Граѓаните на Гостивар се труеја со вода а Мицкоски отиде да отвора базен

    Трифуновски: Граѓаните на Гостивар се труеја со вода а Мицкоски отиде да отвора базен

    05.08.2026 во 20:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Додека илјадници граѓани на Гостивар се соочуваа со сериозна здравствена криза, небезбедна вода за пиење и последици по нивното здравје, премиерот Христијан Мицкоски отвораше базен во Кавадарци. Тоа е сликата за односот на Владата кон една од најсериозните здравствени кризи во државата, истакна организацискиот секретар на СДСМ, Зоран Трифуновски, во емисијата „Тема на денот“ на Сител.

    „Труењето на граѓаните на Гостивар е недозволива катастрофа, каде што преку 4.000 луѓе веќе побараа хоспитализација во болницата во Гостивар. Скоро 22 дена граѓаните на Гостивар пиеја отровна вода, вода со фекалии, користеа техничка вода, од којашто добија сериозни здравствени проблеми по животот и здравјето. Ние секој ден апелиравме и се вклучивме максимално на терен, заедно со претседателот Филипче, кој исто така дојде во Гостивар, и побаравме итно прогласување епидемиолошка ситуација. За жал, од страна на власта имаше закаснета реакција, дури после пет дена се прогласи епидемија и институциите потфрлија на сите можни нивоа“, истакна Трифуновски.

    Трифуновски обвини дека одговорноста не е само локална, туку сериозно потфрлиле и државните институции.

    „Институтот за јавно здравје не преземал никакви мерки, Центарот за јавно здравје од Тетово, кој е надлежен за Општина Гостивар, не преземал никакви мерки, Агенцијата за храна и ветерина исто не се вклучила, а министерот за здравство Клековски никако не се појави пред граѓаните на Гостивар. Наместо да се појави и да ја објасни ситуацијата, Мицкоски отиде во Кавадарци, на базен, заедно со градоначалникот Митко Јанчев да го промовира отворањето на базенот“, рече Трифуновски.

    Тој потсети дека ВМРО-ДПМНЕ е две години на централна и шест години на локална власт и дека повеќе не може да ја префрла одговорноста.

    „Не се опозиција, не можат да се оправдуваат и да ги обвинуваат сите други. Власта треба да постапува во вакви ситуации, таму е одговонроста“, порача организацискиот секретар на СДСМ, Зоран Трифуновски.

    Прочитај повеќе

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    28.10.2026 во 12:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.