Владата на Мицкоски воспостави нов рекорд: државата се задолжува речиси секоја седмица.
• На 14 јули – 7 милиони евра од државните претпријатија.
• На 29 јули – 25 милиони евра од Светска банка.
• На 5 август – нови 41 милион евра преку обврзници.
За само три недели – нов долг од над 70 милиони евра.
За две години над 2,5 милијарди евра ново задолжување, велат од СДСМ.
Ова не е економска политика.
Ова е политика на постојано задолжување за покривање на тековни трошоци и тендери.
Во исто време:
• Инфлацијата ги јаде платите и пензиите.
• Цените на основните производи и горивата отидоа до плафон.
• Минималната плата остана замрзната.
• Потрошувачката кошница расте секој месец.
А на сѐ ова се додава и уште еден тежок удар:
Македонија изгуби над 60 милиони евра од ИПА фондовите за пругата кон Бугарија (Коридор 8) – затоа што Владата не избра изведувач.
Тие пари сега ќе мора да се надоместат со нов кредит.
Значи – повторно задолжување.
Граѓаните плаќаат сѐ поскапо за храна, струја, гориво и вода.
А Владата одговара со нови обврзници, нови кредити и изгубени европски пари.
Долгот расте.
Цените растат.
Животниот стандард паѓа.
Оваа Влада нема економска стратегија.
Има само стратегија за преживување преку задолжување – на грбот на граѓаните и на идните генерации., додаваат од СДСМ.

