Владата на Мицкоски го призна бизнисот со вода и тоа во време кога граѓаните на Гостивар се труеле, велат од СДСМ.
„Бизнис зделка од 100.000 евра за вода во Гостивар без тендер, без јавен оглас.
На грбот на народ во ваква ситуација.
Компанијата со која терале бизнис чива е? На градоначалник од ВМРО и поранешен потпретседател.
Со кого? Со Ивица Томовски од СОЗР, познат по тендерите на семејната фирма.
Случајно?
Откако Владата призна дека терала бизниси на грбот на народот, денеска слушаме оправдувања и нови лаги.
Прво рекоа дека е со тендер, а не преку тендер туку преку спогодба, што документите јасно го потврдуваат.
Потоа за цената по која е набавена.
Велат дека била бесплатна и дека е донација а се гледа дека граѓаните ја платиле 100.000 евра. Или 100.000 евра не се ништо за Мицкоски па го смета за бесплатно?
Па потоа велат дека Владата платила 12.5 денари за шише а во малопродажба чини 25 денари.
И повторно лажат и тонат во сопствените лаги.
Овде не станува збор за малопродажба туку за големопродажба, а во големопродажба цените на шише се движат од 10 до 12 денари. Значи поскапа и од големопражната цена.
Па Зошто не распишале тендер? Можеби и други фирми ќе понуделе пониска цена?
ВМРО-ОКГ се фатени живи. Се е јасно!
Додека народот се труе, тендер-патриотите тераат бизнис и профитираат“, стои во соопштението од СДСМ.

