ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М.(53) од струшкото село Мислодежда поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење шуми“ и „непреземање мерки за заштита при работа“.
На 20.04.2026, без претходно добиено одобрение за сеча и спротивно на прописите од Законот за шуми, на туѓ недвижен имот во месноста Лениште во атар на селото Мислодежда, тој без работен договор ангажирал работници и неовластено исекол 107 стебла буково дрво и 3 стебла габер или вкупно 31.9 кубни метри огревна дрвната маса.
За време на сечата, работникот Р.Д.(46) од Скопје бил удрен од дрво. по што починал во Општата болница во Струга. На местото на несреќата, увид извршија ОЈО Струга во содејство со полициски екипи, Државен трудов инспекторат, Државен инспекторат за шумарство и Шумска полиција.
- Вучиќ е подготвен за дијалог, но и за соработка со „Студентската листа” – најави и ново раководство на СНС
- Мицкоски: Предложивме студентскиот оброк да се зголеми на 4.500 денари месечно, да се воведе дигитална услуга преку М-услуги
- Малолетник нападнал вработена во средно училиште во Карпош
- Државата преговара за поевтин гас, в понеделник ќе се знае дали горивата ќе поскапат
- Најмалку една година за неопходните законски измени за МВР да ги прифаќа дигиталните лични карти и возачки дозволи
- Куманово: Цели девет месеци силувал дете
- Речиси 580.000 евра на сметка на мајката, синот пријавен за перење пари
- Муцунски: Процесот на европска интеграција да биде кредибилен и предвидлив и со забрзана динамика

