Close Menu
Press24
    Најново

    Буџетот се полни според планот: Приходите во првите седум месеци повисоки за 9,3 отсто

    05.08.2026 во 10:39

    Мистериозен објект го блокира аеродромот – Полицијата крена тревога во Лајпциг

    05.08.2026 во 10:16

    Четврти рекорд за две години: Царината со историски највисока месечна наплата

    05.08.2026 во 10:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Буџетот се полни според планот: Приходите во првите седум месеци повисоки за 9,3 отсто
    • Мистериозен објект го блокира аеродромот – Полицијата крена тревога во Лајпциг
    • Четврти рекорд за две години: Царината со историски највисока месечна наплата
    • Зеленски тврди: Повеќе од 30.000 руски војници се елиминирани во јули, за сè имаме видеодокази
    • ССМ апелира: Заштита за работниците од горештините, секое кршење на правата да се пријави
    • Милица Тодоровиќ го прекина концертот поради важни вести: На средина од настапот, откри што се случило во нејзиното семејство
    • Природниот потенцијал на Чучер Сандево во фокус: Нови можности за туризам и економија
    • Уште неколку шанси за продолжен викенд: Ова се неработните денови до крајот на годината
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Топлотниот бран се чувствува уште од рано наутро: УХМР ги објави утринските температури

    Топлотниот бран се чувствува уште од рано наутро: УХМР ги објави утринските температури

    05.08.2026 во 08:222 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Метеоролозите за денеска најавија уште еден пеколен ден со температури до 40 степени низ Македонија. За време на топлотниот бран, УХМР ги измери температурите од рано наутро, во 8 часот низ државата.

    Струмица е најтопол град со 24 степени во осум часот, по што следат Виница, Крушево и Кавадарци со 24.

    Во Скопје УХМР во осум часот наутро измери 23 степени целзиусови.

    Берово со измерени 17 степени е местото со најниска температура ова утро во Македонија, за време на топлотниот бран кој ја зафати земјата.

    Под влијание на топла воздушна маса од југ продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност во текот на денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 33°C, а во некои места ќе надмине 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.

    Препораки за горештините:

    Избегнувајте директна изложеност на сонце во најтоплиот период од денот, особено од 10 до 17 часот.

    Пијте доволно течности, најдобро вода, дури и кога не чувствувате жед.

    Носете лесна, широка и светла облека, како и капа или шешир при престој на отворено.

    Користете заштита од сонце и престојувајте во разладени простории кога е можно.

    Избегнувајте тешка физичка работа и спортски активности во најтоплите часови.

    Не оставајте деца, постари лица или домашни миленици во паркирани возила, дури ни кратко време.

    Возрасните лица, хронично болните, бремените жени и малите деца треба да бидат особено внимателни.

    Редовно проверувајте ги лицата кои живеат сами или имаат потреба од помош.

    Внесувајте лесна храна, повеќе овошје и зеленчук, а избегнувајте тешки и масни оброци.

    Проветрувајте ги просториите во раните утрински и вечерните часови, а во текот на денот затворете ги ролетните или завесите.

    При појава на симптоми како вртоглавица, слабост, главоболка, мачнина, забрзано чукање на срцето или збунетост, потребно е веднаш да се побара медицинска помош.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Буџетот се полни според планот: Приходите во првите седум месеци повисоки за 9,3 отсто

    05.08.2026 во 10:39

    Четврти рекорд за две години: Царината со историски највисока месечна наплата

    05.08.2026 во 10:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.