Close Menu
Press24
    Најново

    Николоски: Најтешката делница од автопатот Кичево-Охрид ќе се пушти во следните месеци, целиот автопат готов до мај

    04.08.2026 во 19:49

    Поларен бран го парализираше Нов Зеланд: Затворени училишта, патишта и откажани фериботи

    04.08.2026 во 19:27

    Во сабота е голем празник – заштитничката од разни несреќи

    04.08.2026 во 19:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николоски: Најтешката делница од автопатот Кичево-Охрид ќе се пушти во следните месеци, целиот автопат готов до мај
    • Поларен бран го парализираше Нов Зеланд: Затворени училишта, патишта и откажани фериботи
    • Во сабота е голем празник – заштитничката од разни несреќи
    • ЦУК со пресек до 18 часот: Избувнаа 14 пожари, активен е во скопско
    • Професорот Начевски: Македонија не смее да ја пропушти шансата што ја носаткритичните минерали
    • Оваа европска земја влезе во историјата поради топлината – измерена највисоката температура досега
    • Николоски се сретна со Варнс: Инфраструктурните проекти и економската соработка во фокусот на разговорите
    • Трагедија во Хрватска: Прогласен Ден на жалост
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Најтешката делница од автопатот Кичево-Охрид ќе се пушти во следните месеци, целиот автопат готов до мај

    Николоски: Најтешката делница од автопатот Кичево-Охрид ќе се пушти во следните месеци, целиот автопат готов до мај

    04.08.2026 во 19:493 Mins Read
    ФОТО: Министерство за транспорт и врски
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Најтешката делница од автопатот Кичево-Охрид во должина од десет километри ќе биде пуштена во употреба во следните месеци, додека рокот за целосно завршување и предавање во употреба на целиот автопат е мај следната година.

    Ова го најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 телевизија, нагласувајќи дека најголем дел од капацитетите на Министерството се насочени токму кон овој проект поради бројните наследени проблеми.

    „Очекувам во следните месеци да биде пуштена најтешката делница од 10 километри, каде што има галерии, мостови, вијадукти и каде што е тунелот којшто ќе е најдолг во државата. Едната цевка е од 2 километри, другата цевка е од 2 километри и 100 метри, така што очекувам оваа делница да биде пуштена во следните месеци и со тоа пополека ќе се комплетира Охрид-Кичево“, истакна Николоски.

    Тој оцени дека овој автопат останува најголемиот предизвик за ресорот со кој раководи.

    „Околу 80 проценти од времето и енергијата ги трошиме на Охрид-Кичево, а 20 проценти на сите останати проекти. Го наследивме со толку многу проблеми што бара секојдневен ангажман, но сега веќе се гледаат резултатите“, рече тој.

    Осврнувајќи се на капиталните инвестиции, министерот потенцираше дека градежништвото и транспортот се главните двигатели на економскиот раст.

    „Во моментот само во општините имаме проекти коишто се финансирани од Владата, преку 1200 отворени градилишта. Ако на тоа се додадат шест автопати коишто паралелно се градат во државата, што никогаш во историјата на државата не се случило, како и интензивната работа на железничкиот Коридор 8, подготовките за почеток на работа на железничкиот Коридор 10 и секако инвестициите во аеродромите, тогаш мислам дека имаме заокружена слика на силни капитални инвестиции коишто силно придонесуваат и за економскиот раст“, додаде Николоски.

    Во врска со изградбата на железничкиот Коридор 8 и поврзувањето со Бугарија, тој информираше за неодамнешниот меѓуресорски состанок во Софија и потпишаното заедничко писмо до ЕИБ и ЕБОР за финансирање на заеднички тунел.

    „Само што беше избрана оваа Влада во јуни 2024 година, наидовме на отворена постапка на тендер за изведба на третата фаза од железничкото поврзување со Бугарија, во којашто дел беше и тунел до пола, што тоа ќе беше првпат во историјата на светот да се тендерира тунел до пола, затоа што тунелот е цевка, и таа цевка оди во планината, со цел од едната страна се влегува, од другата се излегува“, посочи министерот.

    На крајот на август ќе се одржи нов состанок во Скопје за оваа намена, а за стратешкиот проект поддржан од Велика Британија, Николоски потврди дека студиите ќе бидат завршени до 31 август, со очекување за градежни активности на терен во првите месеци од 2027 година.

    Прочитај повеќе

    ЦУК со пресек до 18 часот: Избувнаа 14 пожари, активен е во скопско

    04.08.2026 во 19:09

    Професорот Начевски: Македонија не смее да ја пропушти шансата што ја носаткритичните минерали

    04.08.2026 во 18:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.