Close Menu
Press24
    Најново

    Падна цената на нафтата

    04.08.2026 во 17:27

    УХМР ги објави температурите измерени во 17 часот: Еве каде денеска беше најжешко во Македонија

    04.08.2026 во 17:19

    Британските затвори ги отвораат вратите: Владата ослободува 5.000 осуденици

    04.08.2026 во 17:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Падна цената на нафтата
    • УХМР ги објави температурите измерени во 17 часот: Еве каде денеска беше најжешко во Македонија
    • Британските затвори ги отвораат вратите: Владата ослободува 5.000 осуденици
    • Тошковски: Водата во Гостивар сè уште е само за техничка употреба, се чекаат три исправни мерења
    • Хорор во Скопје: Пукал со пиштол по расправија во Гази Баба, па побегнал со автомобил
    • Серија апсења во Скопје
    • Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на сопругот на италијанската министерка по повеќе од еден месец потрага
    • Уапсена снаа од Кавадарци, се заканувала на свервата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Падна цената на нафтата

    Падна цената на нафтата

    04.08.2026 во 17:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Цените на нафтата денеска на меѓународните пазари забележаа пад под границата од 80 долари, паралелно со сигналите за забрзани барања на земјите од Персискиот Залив за мировно решение околу Ормутскиот теснец.

    На лондонскиот пазар, цената на барелот се намали за 3,85 долари во споредба со претходното затворање и изнесуваше 79,92 долари, додека на американскиот пазар цената падна за 4,16 долари, спуштајќи се на 76,18 долари.

    Смирувањето на пазарите следи откако САД се откажаа од новиот бран напади врз иранската енергетска инфраструктура. Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека сака да даде повеќе време на дипломатијата, посочувајќи ги како „добри“ разговорите со Техеран.

    Од друга страна, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, појасни дека Техеран во моментов не преговара со САД, туку води разговори исклучиво со Оман за воспоставување привремена безбедна рута низ Ормутскиот теснец.

    Неименуван висок ирански функционер за Ројтерс изјави дека Иран сака контрола врз влезот на бродовите во Персискиот Залив и „видливост“ на излезниот сообраќај, со могуќност да интервенира доколку е потребно.

    Истовремено, катарскиот премиер, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, реализираше телефонски разговори со лидерите на Саудиска Арабија, Оман, ОАЕ, Кувајт и Бахреин со цел намалување на тензиите. Доха порача дека ги поддржува сите напори за постигнување сеопфатен договор за мир во регионот.

    Аналитичарите од ING, Ева Мантеј и Ворен Патерсон, предупредуваат дека денешниот падот на цените е „претеран“, бидејќи неизвесноста на теренот останува висока, а ситуацијата брзо се менува.

    Безбедносната состојба на море и понатаму е ризична. Британската агенција за поморска трговија пријави нов инцидент во близина на Оман каде товарен брод бил погоден од непозната ракета, додека јеменското движење Ансар Алах ги блокираше саудиските пристаништа во Црвеното Море.

    Според најновите пресметки на ОПЕК, барел од нафтената кошничка на членките поевтинил за 8,87 долари и се тргуваше по цена од 79,50 долари.

    Прочитај повеќе

    Македонија прва во Европа по растот на минималната плата

    04.08.2026 во 14:58

    Голема промена во плаќањата: Што ќе значи ISO 20022 за секој граѓанин

    04.08.2026 во 09:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.