На 03.08.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен К.И.(51) од Скопје.
-Според пријавеното, тој на 02.08.2026 околу 20:00 часот на подрачјето на општина Аеродром, додека управувал мотоцикл, изгубил контрола и паднал на коловозот. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, информира МВР.
По извршена проверка констатирано е дека тој управувал мотоцикл без да поседува возачка дозвола и истиот не бил регистриран.
Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава по чл.297-а од КЗ.

