Close Menu
Press24
    Најново

    Ангелов и Јанчев од Кавадарци: Најтешкиот пожар во државата е под целосна контрола, следи целосно гаснење

    04.08.2026 во 13:46

    СДСМ: Мицкоски повторно лаже – нападот во Ташмаруништа го извршил македонски граѓанин

    04.08.2026 во 13:32

    Инспекторите ги тресат локалите во Карпош: Паднаа големи казни

    04.08.2026 во 13:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ангелов и Јанчев од Кавадарци: Најтешкиот пожар во државата е под целосна контрола, следи целосно гаснење
    • СДСМ: Мицкоски повторно лаже – нападот во Ташмаруништа го извршил македонски граѓанин
    • Инспекторите ги тресат локалите во Карпош: Паднаа големи казни
    • ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски 20 години на државна сметка ја цица државата и објаснува како не му се допаѓа системот
    • Скоро 80 пациенти побарале помош во Гостивар поради водата: МЗ со детали
    • Анима Мунди: Да ги заштитиме животните од топлотниот бран
    • Полициска акција во Охридското Езеро: Ги фатиле како ловат риба – завршија зад решетки
    • Дизелот повторно поскапува – бензините поевтини
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ангелов и Јанчев од Кавадарци: Најтешкиот пожар во државата е под целосна контрола, следи целосно гаснење

    Ангелов и Јанчев од Кавадарци: Најтешкиот пожар во државата е под целосна контрола, следи целосно гаснење

    04.08.2026 во 13:463 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пожарот на подрачјето на Општина Кавадарци, кој избувна на празникот Илинден на пет различни локации, е ставен под целосна контрола. Според надлежните, ова беше најопасниот од околу 30-те пожари регистрирани ширум државата во текот на вчерашниот ден, а благодарение на синергијата меѓу локалните институции, воздухопловната поддршка и доброволните друштва, спречена е поголема катастрофа и заштитени се човечките животи и имотот.

    Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, на заедничката прес-конференција со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, истакна дека овој пожар бил исклучително тежок за гасење и комплексен, а се одвивал на тешко пристапен терен обраснат со густи грмушки и трња, со стрмни ридишта тешки за движење на пешадијата.

    „Во текот на вчерашниот ден имавме околу 30 пожари на отворен простор, неколку од нив се претворија во сериозни, тешки за гасење, пожари. Најтежок којшто вчера беснееше на територијата на државата е пожарот којшто се одвиваше на подрачјето зад нас, на територијата на општина Кавадарци. Карактеристично е тоа што во текот на вчерашниот ден овде дејствувавме со два ер-трактори и со полицискиот и армискиот хеликоптер. Денеска наутро почнавме да дејствуваме со три ер-трактори коишто помогнаа на локалните пожарникари од Кавадарци овој пожар да биде ставен безмалку под целосна контрола“, рече Ангелов, додавајќи дека градоначалникот Јанчев покажал „школски пример“ како треба да се гаси ваков пожар со ангажирање на голем број локални пожарникари, доброволни друштва, комунално претпријатие и тешка механизација за правење противпожарни пресеци.

    Градоначалникот Митко Јанчев хронолошки се осврна на случувањата, посочувајќи дека пожарот бил пријавен во предвечерието на Илинден, околу 21 часот, на локалитетот Раец, спрема Дреново и Ќесендре.

    „На нашиот најголем македонски празник Илинден, 2-ри август, некаде во попладневните часови, односно предвечерието, околу 21 часот, е пријавен пожар на локалитетот Раец, поточно во атарот на Раец спрема Дреново и Ќесендре. Во истиот момент избувнуваат пожари на пет локации коишто еден од друг се оддалечени некаде по 500 до 700 метри. Значи станува збор за очигледно, да речам, подметнат пожар“, вели Јанчев.

    Тој појасни дека по пријавата веднаш било пристапено на терен во координација со ДЗС, ЦУК, ОВР Кавадарци и Територијалната противпожарна единица. И покрај работењето во доцните ноќни часови, специфичноста и непристапноста на теренот не дозволиле комплетна санација првата вечер, а следниот ден пожарот поради ветровите и високите температури се проширил во радиус од околу 7 квадратни километри, зафаќајќи ги деловите околу Дреново, Раец и Ќесендре.

    По синоќешното заседание на Кризниот штаб бил направен план со кој преку ангажирање на булдожери и ровокопачи пожарот бил пресечен, по што утрото започнала масовна и координирана акција со учество на противпожарни единици од Неготино и Кавадарци, полициски службеници со теренски возила, три ер-трактори, цистерни од јавното претпријатие, како и доброволни друштва од Штип и Неготино.

    Јанчев нагласи дека очекува до крајот на денот огнот целосно да биде изгаснат, по што ќе останат дежурни патроли, изразувајќи голема благодарност до месното население, институциите и сите учесници во акцијата, при што потврди дека со добрата организација и заедничка координација успешна заштитени се луѓето, имотите и високостеблестата шума.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Мицкоски повторно лаже – нападот во Ташмаруништа го извршил македонски граѓанин

    04.08.2026 во 13:32

    Инспекторите ги тресат локалите во Карпош: Паднаа големи казни

    04.08.2026 во 13:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.