Close Menu
Press24
    Најново

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Претседателката се сретна со Вајц и Рокас: Фокус на разговорите – македонската евроинтеграција
    • Сиљановска-Давкова: Надежта и разбирањето се неопходни во справувањето со Алцхајмеровата болест
    • Кремљ: Путин е подготвен за средба со Трамп, но сè уште нема договорен термин
    • И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки
    • Тинејџер ја натепал баба му
    • 16 пожари на отворен простор, четири се уште активни
    • Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи 
    • Уставниот суд не поведе постапка за одредбите од Изборниот законик
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Фиктивно книжење и неплатени даноци: Сопственик и фирма направиле штета од 7,2 милиони денари

    Фиктивно книжење и неплатени даноци: Сопственик и фирма направиле штета од 7,2 милиони денари

    04.08.2026 во 11:34Updated:04.08.2026 во 11:511 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против едно физичко и едно правно лице поради сомнение за сторени кривични дела „Даночно затајување“ и „Фалсификување или уништување на деловни книги“.

    Според Финансиската полиција, со пријавените дејствија Буџетот на Република Северна Македонија бил оштетен за вкупно 7.211.359 денари.

    Како што информираат од Управата, првопријавениот М.Д., во својство на сопственик и управител на правното лице, во текот на 2021 година со намера да се стекне со противправна имотна корист, преку фиктивно книжење присвоил наплатени средства од продажба на нафта и нафтени деривати во износ од 7.040.484 денари.

    При тоа, според наводите, не биле пресметани и уплатени данок на личен доход, данок на додадена вредност и данок на добивка во вкупен износ од над 3 милиони денари.

    Од Финансиската полиција наведуваат дека во 2024 година, осомничениот повторно преку несоодветно евидентирање на залихи во вредност од 12.630.670 денари, не прикажал обврски за данок на додадена вредност и данок на личен доход во вкупен износ од над 3,3 милиони денари.

    Според пријавата, со вкупните дејствија на физичкото и правното лице е предизвикана штета на државниот буџет во износ од 7.211.359 денари.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки

    23.09.2026 во 19:59

    Тинејџер ја натепал баба му

    23.09.2026 во 19:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.