Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, преку порака на социјалните мрежи упати апел до граѓаните за одржување на хигиената и уредноста во главниот град.
Тој потенцираше дека активностите за одржување на градот се одвиваат континуирано, без оглед на празничните денови.
„Грижата за Скопје нема паузи, празници ниту продолжени викенди. Само со заедничка одговорност можеме да го зачуваме чист и уреден. Да го чуваме градот убав!“, објави Ѓорѓиевски.
Ваквиот апел доаѓа во период на празнични денови кога комуналните служби и понатаму ги извршуваат редовните обврски на терен.

