Close Menu
Press24
    Најново

    МЗ: Вонреден инспекциски надзор во три болници во Македонија

    03.08.2026 во 11:10

    Пеколно утро во Македонија: 25 степени измерени уште во 8 часот

    03.08.2026 во 10:51

    Дневен хороскоп: Кои знаци ги чекаат деловни предизвици, а кои финансиски анализи

    03.08.2026 во 10:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • МЗ: Вонреден инспекциски надзор во три болници во Македонија
    • Пеколно утро во Македонија: 25 степени измерени уште во 8 часот
    • Дневен хороскоп: Кои знаци ги чекаат деловни предизвици, а кои финансиски анализи
    • СДСМ: Што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа
    • ВМРО-ДПМНЕ: Нема да има нови отстапки од идентитетот за евроинтеграциите по ниедна цена
    • СДСМ: Муцунски води тајни разговори за иднината на Македонија
    • ВМРО-ДПМНЕ: Уште во 2020 година водата во Гостивар не била за пиење, зошто Филипче молчел
    • СДСМ: Водата во Гостивар две години не била за пиење
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МЗ: Вонреден инспекциски надзор во три болници во Македонија

    МЗ: Вонреден инспекциски надзор во три болници во Македонија

    03.08.2026 во 11:102 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во врска со случајот што во последните дена е предмет на јавен интерес, а се однесува на третманот на пациентка, Министерството за здравство информира дека, по налог на министерот, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) спроведува вонреден инспекциски надзор во сите три здравствени установи во кои била третирана и тоа Општа болница Струмица, Клиничка болница Штип и Универзитетска клиника за неврологија Скопје, соопшти МЗ. 

    „Во наредните денови се очекува ДСЗИ да ги комплетира надзорите и да ја прибере целокупната медицинска документација од трите здравствени установи. Врз основа на целосно утврдената фактичка состојба, ќе следат заклучоците од стручниот надзор, и доколку е потребно, понатамошни дејствија.

    Министерството за здравство посебно потенцира дека почитувањето на правото на пациентката на достоинство, приватност и заштита на личните и медицинските податоци е неприкосновено во текот на целата постапка. Секој пациент има законско право на безбедна, квалитетна и правовремена здравствена заштита, како и право на целосна и разбирлива информација за сопствената здравствена состојба. Министерството ќе се погрижи овие права целосно да бидат почитувани — како во текот на инспекцискиот надзор, така и во натамошната комуникација со пациентката и нејзиното семејство.

    Министерството за здравство уверува дека случајот ќе биде разгледан темелно, професионално и до крај. Ниту еден аспект нема да биде изоставен, а доколку се утврдат пропусти, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно надлежностите и важечките законски прописи.

    Ја повикуваме јавноста на воздржаност додека траат постапките и апелираме да не се изнесуваат предвремени заклучоци, шпекулации или лични податоци што би можеле дополнително да ги вознемират пациентката и нејзиното семејство.

    Министерството истовремено апелира на јавноста и медиумите за коректност и заштита на достоинството на здравствените работници вклучени во случајот, чија евентуална одговорност ќе биде утврдена единствено врз основа на резултатите од стручниот надзор, а не преку јавно осудување пред нивно завршување.

    По завршувањето на надзорите и разгледувањето на сите наоди, Министерството навремено и транспарентно ќе ја информира јавноста за утврдените факти и за натамошните чекори.

    Заштитата на пациентите, почитувањето на нивното достоинство и целосното утврдување на фактичката состојба остануваат највисок приоритет на Министерството за здравство“, велат од МЗ.

    Прочитај повеќе

    Пеколно утро во Македонија: 25 степени измерени уште во 8 часот

    03.08.2026 во 10:51

    СДСМ: Што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа

    03.08.2026 во 10:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.