Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Муцунски води тајни разговори за иднината на Македонија

    СДСМ: Муцунски води тајни разговори за иднината на Македонија

    03.08.2026 во 10:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Не постои земја во светот во која министер за надворешни работи јавно кажува дека води разговори за судбината на државата – но тие се тајна, стои во соопштението од СДСМ.

    „Како може иднината на Македонија да биде тајна за нејзините граѓани?

    Муцунски вели дека за разлика од претходната влада „тие не се попустливи“.

    Да потсетиме:

    •  Христијан Мицкоски го нарече Преспанскиот договор „ремек-дело на дипломатијата“.

    •  Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека националниот идентитет, јазикот и културата се целосно заштитени и апсолвирани.

    •  Истиот Тимчо Муцунски изјави дека НАТО е одлична работа – не само за безбедноста на граѓаните, туку и за странските инвеститори (кои ги избркаа – инвестициите паднаа за 60% откако ВМРО-ОКГ ја превзеде власта).

    Значи сите тројца го потврдија успехот на претходната влада и ја пофалија нејзината дипломатија.

    За какви „попуштања“ зборува Муцунски?

    Нивните лаги повеќе не се ни креативни. Нема веќе материјал за креативност.

    Граѓаните ги прочитаа.

    И уште нешто важно: претходната влада на СДСМ, покрај дипломатските успеси (НАТО и почеток на преговорите со ЕУ), беше пред сѐ транспарентна.

    Не работеше зад затворени врати и далеку од очите на јавноста.

    Единствена „тајна“ беше лажната пропаганда на ВМРО и Латас – истата што продолжува и денес.

    Прашањето до граѓаните на Македонија е едноставно:

    После сите лаги со кои ВМРО дојде на власт, после сите лаги со кои Мицкоски и ВМРО-ОКГ владеат – Дали му верувате на Тимчо Муцунски и на неговите тајни разговори што ги води во име на граѓаните и нивната иднина?

    Дали му верувате на Мицкоски?“, прашуваат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.