Close Menu
Press24
    Најново

    ВМРО-ДПМНЕ: Уште во 2020 година водата во Гостивар не била за пиење, зошто Филипче молчел

    03.08.2026 во 10:27

    СДСМ: Водата во Гостивар две години не била за пиење

    03.08.2026 во 10:21

    СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија, народот го третира како „талог“

    03.08.2026 во 10:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ: Уште во 2020 година водата во Гостивар не била за пиење, зошто Филипче молчел
    • СДСМ: Водата во Гостивар две години не била за пиење
    • СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија, народот го третира како „талог“
    • Пожарникарите со полни раце работа – изминатото деноноќие регистрирани 30 пожари
    • Денес сончево и топло со температури до 39 степени, од утре нов тропски бран
    • Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
    • Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
    • Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Уште во 2020 година водата во Гостивар не била за пиење, зошто Филипче молчел

    ВМРО-ДПМНЕ: Уште во 2020 година водата во Гостивар не била за пиење, зошто Филипче молчел

    03.08.2026 во 10:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Опозиционерот Венко Филипче се обидува да држи лекции за здравството и јавното здравје, но граѓаните не забораваат кој со години раководеше со Министерството за здравство и кој беше на власт кога се случуваа проблемите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Наместо денес да се обидува да собира политички поени, Филипче треба да одговори каде беше и зошто молчеше и не делеше лекции кога во периодот на владеење на СДС имало сериозни индикации дека водата за пиење во Гостивар не ги исполнува законските критериуми.

    Документите покажуваат дека проблемот со неисправната вода во Гостивар не е од вчера, туку дека уште во периодот кога Филипче беше министер, а продолжи и понатаму во време на владеење на СДС. Така на 11.11.2020 година, микробиолошка анализа покажала зголемен број на колиформни бактерии и констатирала дека водата не треба да се користи за пиење.

    На 15.02.2021 година и на 01.03.2021 година, повторно било констатирано дека водата не ги задоволува критериумите согласно правилниците за безбедност и квалитет на водата за пиење 

    Проблемите продолжуваат и во 2022 и 2023 година.

    На 11.07.2022 година, водата за пиење доставена од ЈП „Комуналец“ – Гостивар, не одговарала за употреба поради зголемен број на аеробни мезофилни бактерии. Потоа на 29.06.2023 година повторно била констатирана неисправност поради бактериски колонии, а на 04.08.2023 година повторно било утврдено дека водата за пиење не одговара поради зголемен број на аеробни мезофилни бактерии.

    Во ниеден од овие случаи не било постапено, властите на централно и на локално ниво предводени од Венко Филипче, СДС, ДУИ и Таравари знаеле и ништо не преземе, а граѓаните проголжувале да користат и пијат несиправна вода.

    Затоа, прашуваме зошто тогаш СДС и Венко Филипче не реагираа и не ги решија навреме овие проблеми и зошто институциите под нивно раководство не постапиле кога анализи кои укажувале на неисправност на водата.

    Граѓаните на Гостивар не заслужуваат политичко префрлање на вина, туку одговори и одговорност, а се поевидентно е дека денешниот проблем е резултат на години негрижа и неработење на локалната власт, предводена од СДС, ДУИ и Таравари, кои со години имаа власт, а со тоа и обврска да го решат овој проблем.

    Затоа Филипче, пред да држи лекции за јавното здравје, треба да одговори за сопственото работење како министер за здравство и за периодот кога СДС беше на власт.

     Здравјето на граѓаните е пред се и одговорност мора да има, затоа што тие добро  паметат, а документите остануваат траен доказ“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Водата во Гостивар две години не била за пиење

    03.08.2026 во 10:21

    СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија, народот го третира како „талог“

    03.08.2026 во 10:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.