Сончево и топло време со мала локална облачност не очекува во текот на денешниот ден низ целата земја.
Според синоптичарите, во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен, додека во источните региони ќе дува од северозападен правец.
Утринските температури се движеа во интервал од 9 до 19 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 33 до 39 степени.
Во Скопје времето ќе биде топло и ветровито, со минимална температура до 18 степени и максимална дневна која ќе достигне до 39 степени.
Метеоролозите најавуваат дека под влијание на топол бран од југ, топлото време ќе продолжи и во наредниот период.
Дневната температура насекаде ќе биде над 33°C, а на некои места ќе надмине и 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови до крајот на неделата.

