Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФОТО: Погледнете како битолчани го одбележаа денешниот празник
    • ВО ЖИВО: Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври
    • Европска криза со храната: Проблемите од Италија се шират, можни се нови поскапувања во Македонија
    • Петровска: Сакам да бидам претседателка на СДСМ, ама не сега
    • ФОТО: Полицајците им упаднаа во локалот – им го најдоа белото
    • Ѓорѓиевски за 23 Октомври: ВМРО е непокор, Македонија е аманет, а слободата е завет
    • Брутална прецизност на македонските специјалци: Тигрите во топ 10 снајперисти на меѓународен напревар
    • Филипче: Одлуките ги носам како во операциона сала – прецизно
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мисајловски за Илинден: Нека илинденскиот пламен ни го осветлува патот кон единство и напредок

    Мисајловски за Илинден: Нека илинденскиот пламен ни го осветлува патот кон единство и напредок

    02.08.2026 во 10:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, упати честитка до граѓаните, припадниците на Армијата и вработените во Министерството по повод државниот празник 2 Август – Илинден.

    Во своето обраќање, тој посочи дека празникот го претставува темелот на македонската државност и ги потсетува сите на историските идеали.

    „Почитувани граѓани, припадници на македонската Армија и вработени во Министерството за одбрана, Во име на вработените во Министерството за одбрана и во мое лично име, упатувам искрени честитки по повод 2 Август – Илинден. Нашиот најголем празник и најсветлиот датум во националната историја нè потсетува на највозвишените идеали – слобода, самобитност, патриотизам и љубов кон татковината“, истакна Мисајловски.

    Тој нагласи дека државотворната идеа се протега од Крушевската Република и АСНОМ па сè до денес.

    „Илинден е темелот врз кој е изградена современата македонска држава. Од херојството на илинденците и визијата со која беше издигната Крушевската Република, преку државотворните одлуки на АСНОМ до денес, се протега една иста идеја – Македонија да биде слободна, суверена и независна држава. Таа идеја живее и денес во секој од нас, затоа што слободата и мирот што ги уживаме се платени со жртвата на нашите предци“, наведе министерот.

    Мисајловски порача дека празникот обврзува на зачувување на единството и градење на просперитетна иднина за сите граѓани.

    „Денешниот празник нè обврзува да ги чуваме вредностите на единството, солидарноста, слободата и меѓусебното почитување, градејќи општество во кое секој граѓанин ќе има можност достоинствено да живее и да придонесува за заедничката иднина. Во духот на славното илинденско наследство, да продолжиме со мудрост, единство и решителност да ја градиме Македонија како држава на мирот, демократијата, просперитетот и надежта за идните поколенија. Нека илинденскиот пламен секогаш ни го осветлува патот кон единство, напредок и мир. Нека ни е честит 2 Август – Илинден! Нека ни е вечна Македонија!“, порача Мисајловски.

    Прочитај повеќе

    ФОТО: Погледнете како битолчани го одбележаа денешниот празник

    23.10.2026 во 12:28

    ВО ЖИВО: Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври

    23.10.2026 во 12:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.