Close Menu
Press24
    Најново

    Доделени 47 социјални станови во Дебар, Николоски најави нови објекти во повеќе градови

    01.08.2026 во 13:48

    Претрес во Кондово: Полицијата пронајде револвер и ловна пушка, уапсен 35-годишник

    01.08.2026 во 13:45

    Татко и две деца загинаа во пожар во куќа во Загорје, соседите претходно слушнале истрели

    01.08.2026 во 13:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Доделени 47 социјални станови во Дебар, Николоски најави нови објекти во повеќе градови
    • Претрес во Кондово: Полицијата пронајде револвер и ловна пушка, уапсен 35-годишник
    • Татко и две деца загинаа во пожар во куќа во Загорје, соседите претходно слушнале истрели
    • Ќе се зголемат пензиите, минималната плата и платите во јавниот сектор – најави Вучиќ
    • МЗ наложи вонреден надзор за случајот со 19-годишната родилка која остана парализирана по царски рез во Штип
    • (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Градскиот парк повторно го враќа својот сјај по силното невреме
    • Мицкоски од Дебар: Доделени новите социјални станови, Владата продолжува со инвестиции за граѓаните
    • СДСМ: Граѓаните стојат на граница- вака изгледа изолацијата на Мицкоски
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Доделени 47 социјални станови во Дебар, Николоски најави нови објекти во повеќе градови

    Доделени 47 социјални станови во Дебар, Николоски најави нови објекти во повеќе градови

    01.08.2026 во 13:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата продолжува со политиките за обезбедување достоинствени услови за живот на граѓаните од ранливите категории. Денеска во Дебар беа распределени 47 социјални станови на семејства и лица кои имаат најголема потреба од институционална поддршка. На настанот присуствуваа претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката, Марјан Стефановски, како и градоначалникот на Општина Дебар.

    Вицепремиерот Николоски истакна дека распределбата на становите претставува уште еден доказ за посветеноста на Владата кон подобрување на условите за живот на најранливите категории граѓани.

    „Навистина е убав момент кога гледаме 47 среќни семејства кои од денеска добиваат свој дом и можност за посигурна иднина. Станува збор за квалитетно изграден објект наменет за најранливите категории граѓани – деца без родители, корисници на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни непогоди, лица со попреченост и нивните семејства, како и самохрани родители со малолетни деца. Драго ми е што оваа политика продолжува и што денеска во Дебар можеме да видиме семејства кои ќе започнат ново животно поглавје во сопствен дом“, изјави Николоски.

    Тој потсети дека Владата и Министерството за транспорт и во изминатиот период реализирале повеќе проекти за социјално домување низ државата.

    „Досега се доделени 29 станови во Велес, 32 во Кочани, 21 во Струмица и 19 во Гевгелија. Во моментов се активни огласи за Пробиштип и Свети Николе, а во завршна фаза е изградбата на социјални згради во Бутел, Сарај и Прилеп, додека се планира и изградба на ваков објект во Штип. Со овие проекти решаваме едно од најважните животни прашања на голем број семејства“, нагласи Николоски.

    Осврнувајќи се на развојот на Дебар, Николоски истакна дека Владата обезбедува силна поддршка и за локалната инфраструктура.

    „Во Општина Дебар се реализираат 22 инфраструктурни проекти, кои значително ќе придонесат за подобар квалитет на живот и локален развој. Еден од нив е и булеварот кој ќе ја поврзе оваа станбена зграда. Ќе продолжиме да ја поддржуваме општината и да инвестираме во проекти што носат подобри услови за живот за сите граѓани“, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Граѓаните стојат на граница- вака изгледа изолацијата на Мицкоски

    01.08.2026 во 12:52

    Конески: УМС со нов Извршен комитет, продолжува поддршката за младите и нови 300 вработувања на специјализанти

    01.08.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.