Три лица загинаа во пожар што утрово избувна во семејна куќа во хрватскиот регион Загорје, објавија локалните медиуми.
Полициската управа Крапина-Загорје соопшти дека пријавата за пожарот во Центарот за противпожарни операции била примена во 07:24 часот.
Според информациите што ги објави локалниот портал Zagorje.com, во трагичниот настан загинале татко и неговите две деца.
Жителите од соседството за хрватскиот медиум изјавиле дека едното дете завршувало средно училиште, додека другото годинава завршило основно училиште.
Соседите исто така откриле за Zagorje.com дека непосредно пред да избие пожарот, слушнале три истрели од огнено оружје.
Во моментот на трагедијата, мајката не била во домот бидејќи била на работа, но пристигнала на местото откако била известена дека нејзината куќа гори.
Полицијата и надлежните служби вршат увид на терен за целосно расчистување на причините за настанот.

