Close Menu
Press24
    Најново

    МЗ наложи вонреден надзор за случајот со 19-годишната родилка која остана парализирана по царски рез во Штип

    01.08.2026 во 13:09

    (ВИДЕО) Градскиот парк повторно го враќа својот сјај по силното невреме

    01.08.2026 во 13:03

    Мицкоски од Дебар: Доделени новите социјални станови, Владата продолжува со инвестиции за граѓаните

    01.08.2026 во 12:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • МЗ наложи вонреден надзор за случајот со 19-годишната родилка која остана парализирана по царски рез во Штип
    • (ВИДЕО) Градскиот парк повторно го враќа својот сјај по силното невреме
    • Мицкоски од Дебар: Доделени новите социјални станови, Владата продолжува со инвестиции за граѓаните
    • СДСМ: Граѓаните стојат на граница- вака изгледа изолацијата на Мицкоски
    • МЗ: Се чекаат резултати за тројца пациенти со сомнение за западнонилска треска, епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
    • Полицијата влезе во автокамп во Охрид – пронајдена дрога кај скопјанец
    • Влегол во продавница, украл пари и цигари, 26-годишник од Лојане падна во рацете на полицијата
    • Обид за убиство во Струмица: Со нож и го расекол лицето на поранешната сопруга во ресторан
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МЗ наложи вонреден надзор за случајот со 19-годишната родилка која остана парализирана по царски рез во Штип

    МЗ наложи вонреден надзор за случајот со 19-годишната родилка која остана парализирана по царски рез во Штип

    01.08.2026 во 13:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за здравство соопшти дека внимателно го следи случајот со 19-годишната пациентка Станка Михајлова од село Баница, која по царски рез направен во Клиничката болница во Штип останала парализирана.

    Со цел целосно утврдување на сите околности, Министерството за здравство веќе издаде налог за спроведување вонреден инспекциски надзор.

    „Со цел целосно, објективно и стручно утврдување на сите околности поврзани со лекувањето на пациентката, Министерството издаде налог до Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор. По добивањето на инспекцискиот наод и целокупната медицинска документација, Министерството ќе иницира и стручен надзор над досегашниот тек на лекувањето и постапувањето на здравствените работници и установи вклучени во случајот“, стои во соопштението од Министерството за здравство.

    Од ресорното министерство апелираат до јавноста да не се изнесуваат предвремени заклучоци сè додека траат постапките.

    „За утврдената фактичка состојба и за евентуалните натамошни мерки, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана“, велат од Министерството.

    Министерот за здравство Сашо Клековски во изјава за „Слободен печат“ потврди дека вонредниот надзор ќе ги опфати сите три болници во кои се лекувала младата родилка.

    Покрај тоа, Клековски најави и стручен надзор во кој експерти од гинекологија, неврологија и урологија ќе испитуваат дали има лекарска грешка.

    Случајот се однесува на 19-годишната пациентка кај која по вториот изведен царски рез во Штипската општа болница настапила параплегија, односно губење на функцијата на нозете.

    Прочитај повеќе

    (ВИДЕО) Градскиот парк повторно го враќа својот сјај по силното невреме

    01.08.2026 во 13:03

    СДСМ: Граѓаните стојат на граница- вака изгледа изолацијата на Мицкоски

    01.08.2026 во 12:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.