Close Menu
Press24
    Најново

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски на панел-дискусија: Разговаравме за мирот, дијалогот и стабилна Европа
    • Претседателката се сретна со Вајц и Рокас: Фокус на разговорите – македонската евроинтеграција
    • Сиљановска-Давкова: Надежта и разбирањето се неопходни во справувањето со Алцхајмеровата болест
    • Кремљ: Путин е подготвен за средба со Трамп, но сè уште нема договорен термин
    • И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки
    • Тинејџер ја натепал баба му
    • 16 пожари на отворен простор, четири се уште активни
    • Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски од Дебар: Доделени новите социјални станови, Владата продолжува со инвестиции за граѓаните

    Мицкоски од Дебар: Доделени новите социјални станови, Владата продолжува со инвестиции за граѓаните

    01.08.2026 во 12:553 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на новиот станбен објект во Дебар, каде што симболично беа врачени клучевите на семејствата корисници на новите социјални станови.

    Во своето обраќање, Мицкоски истакна дека овој проект претставува обезбедување нов дом и сигурност за голем број семејства во оваа општина.

    „За мене претставува посебна чест и задоволство да сум денеска тука во Дебар и да имам можност, ете, симболично, преку доделувањето на клучевите на едно семејство корисник на еден ваков стан, да го означиме пуштањето во употреба на овој станбен објект којшто ќе биде иднина на многу лица, на многу семејства коишто ќе го користат овој станбен објект. Јас можам да им посакам многу среќа и здравје, пред сè, и што подолговечно да си ги користат овие домови и тие домови да им бидат мир, да им бидат спокој, да им бидат утеха тогаш кога е потребно, а ние како Влада ќе продолжиме во периодот којшто следи и дополнително да инвестираме во вакви проекти“, изјави Мицкоски.

    Премиерот изрази благодарност до раководството на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, до градоначалникот на Дебар, општинскиот совет и до Министерството за транспорт за реализацијата на овој и другите локални проекти.

    „Би сакал да му се заблагодарам на директорот, којшто со својата посветена работа и тимот којшто го има околу себе, еве, испорачува и реализира проекти — нешто коешто е многу важно. Исто така, би сакал да му се заблагодарам и на градоначалникот за работата којашто ја врши овдека во Дебар, на сите оние коишто ја поддржуваат работата во рамките на Советот, работата на градоначалникот, на администрацијата, се разбира, без којашто не можат овие проекти да се реализираат, на потпретседателот на Владата и министер за транспорт, како и на колегите од Владата коишто ги поддржуваат овие проекти“, посочи премиерот.

    Тој нагласи дека Владата интензивно работи на решавање на затекнатите проблеми и на спроведување проекти во сите општини, додавајќи дека во моментов во Дебар се реализираат над 20 проекти.

    „Ние како Влада се обврзавме дека ќе реализираме проекти за граѓаните. За жал, не можеме нешто што со децении било запоставувано да го решиме преку ноќ, но се трудиме, се трудиме да ги реализираме тие приоритети, да не создаваме нови проблеми, а дел од наследените предизвици веќе ги решаваме. Еден од тие предизвици е и овој објект, но и сите оние 22/23 проекти коишто ги спомна потпретседателот на Владата и министер за транспорт, коишто заедно со градоначалникот на општината ги работиме и ги решаваме овдека во Општина Дебар“, истакна Мицкоски.

    На крајот, премиерот подвлече дека градежната експанзија продолжува низ целата држава, најавувајќи нови средства за општински проекти и во следната година.

    „Инаку, Македонија се гради, повеќе од 1.200 градилишта имаме ширум државата и тоа е добро. Планираме и во следната година, нешто слично како Влада, со децентрализирање на средства од буџетот да финансираме проекти во општините. Така што, еве, уште еднаш благодарност до сите овие луѓе коишто денеска се со нас, а на корисниците на становите уште еднаш им честитам и им посакувам уште много убави моменти да си поминат во нив“, заклучи тој.

    Прочитај повеќе

    Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи 

    23.09.2026 во 19:34

    Има шанси идната недела да возиме значително поевтин дизел

    23.09.2026 во 13:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.