Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Продолжуваме посветено и одговорно да работиме на спроведување на реформите
    • Полски десничарски пратеник со чекан демолираше споменик на Украинци
    • Ескалација во Бундестагот: АфД го обвинува Мерц за клевета и бара одземање на имунитетот
    • Превозниците нема да протестираат в понеделник, ќе се бара решение со ЕУ
    • Вреди: Јакуп Хусеини за Брвеница
    • Божиновска со Главниот државен ревизор Ацевски: Ревизорските наоди мора да се претворат во конкретни мерки и одговорност
    • Мицевски до СДСМ: На вашата неинвентивност нема крај
    • Александар Вучиќ најави оставка на 25 или 26 септември пред предвремените избори во Србија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Локализиран пожарот на депонијата кај Валандово, се интервенираше и со „ер-трактори“

    Локализиран пожарот на депонијата кај Валандово, се интервенираше и со „ер-трактори“

    31.07.2026 во 19:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пожарот што денеска по 13:00 часот изби на градската депонија „Сува Река“ кај Валандово е целосно локализиран по соодветната интервенција на терен и ангажирањето на воздушна поддршка.

    Огнот, под влијание на ветерот, брзо се проширил врз околната ниска вегетација и претставувал опасност за опфаќање на поголема површина, поради што беа активирани два „ер-трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување.

    Првиот човек на општината потврди дека состојбата е ставена под контрола, но екипите остануваат да дежураат.

    • Пожарот е целосно локализиран, а на терен дежураат единиците на ТППЕ Валандово и вработените во ЈП Македонски шуми од подружницата Валандово – градоначалникот на Општина Валандово, Ѓоко Камчев.

    Од Дирекцијата за заштита и спасување појаснија дека специфичноста на теренот налагала итно вклучување на авионите за гаснење пожар.

    • Поради стрмниот тешко прооден терен и густата вегетација полна со трње, од страна на градоначалникот на Општина Валандово, Ѓоко Камчев, веднаш беше побарана воздушна помош. Набргу потоа полетаа два ,,ер трактори” на Дирекцијата, соопштија од ДЗС.

    Непосредно пред да избие пожарот на депонијата, во надлежните служби бил пријавен уште еден пожар во атарот на валандовското село Удово, но тој брзо бил ликвидиран со брзата реакција на пожарникарите.

    Поради зачестените инциденти, од Терторијалната противпожарна единица Валандово упатија апел до граѓаните да не палат стрништа, сува вегетација и отпад на отворен простор.

    Од ТППЕ предупредуваат дека против сите кои ќе бидат затекнати или пријавени дека предизвикуваат пожари ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежните институции, согласно законските прописи.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Продолжуваме посветено и одговорно да работиме на спроведување на реформите

    11.09.2026 во 18:31

    Превозниците нема да протестираат в понеделник, ќе се бара решение со ЕУ

    11.09.2026 во 17:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.