Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФИФА нема намера да се откаже од планот на Инфантино

    ФИФА нема намера да се откаже од планот на Инфантино

    31.07.2026 во 12:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Остри поделби, закани за бојкоти и сериозни тензии ја потресуваат светската фудбалска јавност откако ФИФА ги објави плановите за внесување на приватен партнер во идните мундијали. Само еден ден по излегувањето на овие најави на виделина, реакцијата на клучните континентални сојузи беше молњевита, отворајќи го прашањето за целосен раскол во меѓународниот спортски естаблишмент.

    Според актуелните информации што ги пренесуваат реномираните светски агенции, европските и северноамериканските репрезентации се подготвени да го отфрлат учеството на Мундијалот во 2030 година доколку челниците ја реализираат замислената иницијатива.

    Повод за реводот во фудбалските институции стана планот познат како „FIFA Forward Enterprise“, чија цел е енормно зголемување на сегашната финансиска вредност која се проценува на околу 20 милијарди долари, а зад инвестициската задкулиса се поврзува името на Џошуа Кушнер.

    Во врска со острите критики, гласините и медиумските наводи, од светската куќа на фудбалот излегоа со официјален став во кој ги демантираат тврдењата за продажба на најважната споредна работа на светот:

    Никој не го продава фудбалот. Тоа не е нешто што ја интересира ФИФА. Го почитуваме тоа што некои се изјаснија и ги почитуваме загриженостите и сакаме да потврдиме дека сме посветени на отворена и демократска дискусија. Нашите разговори беа прекинати од неточни медиумски известувања. Ги продолжуваме консултациите и сакаме секој член на ФИФА да гласа врз основа на фактите“, се вели во соопштението на ФИФА.

    Аналитичарите и фудбалските фанови оценуваат дека отпорот предводен од УЕФА и КОНКАКАФ не се должи само на економската рамка, туку пред сè на длабоката недоверба кон претседателот Џани Инфантино и неговите претходни блиски политички врски со американските структури, кои во минатото предизвикуваа полемики за флагрантно кршење на фудбалските правила за време на самите турнири.

    Очекувањата се дека следните денови ќе бидат пресудни бидејќи и азиската конфедерација најавува приклучување кон блокот кој се спротивставува на контроверзните реформи.

    Прочитај повеќе

    Топлотен бран во Европа, температури до 43 степени – Горештини најавени и во Македонија

    07.07.2026 во 08:56

    САД и Иран ги запираат нападите – Продолжуваат преговорите

    29.06.2026 во 10:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.