Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЕУ воведува построги имиграциски правила за Украинците на воена возраст

    ЕУ воведува построги имиграциски правила за Украинците на воена возраст

    30.07.2026 во 21:381 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Земјите од Европската Унија одобрија нови, построги имиграциски правила за украинските државјани на воена возраст, соопшти портпарол за германската агенција ДПА.

    Оваа одлука, донесена на барање на официјален Киев, има за цел да ги спречи лицата кои избегнуваат воена обврска да ги користат бенефициите за олеснет влез во Унијата.

    Според новиот договор, Украинците на возраст од 23 до 60 години ќе можат да користат привремена заштита во ЕУ само доколку имаат одслужено воен рок или поседуваат официјално ослободување од воената обврска. Измените ќе важат исклучиво за мажите кои за првпат пристигнуваат на територијата на ЕУ.

    Лицата на воена возраст и понатаму ќе имаат можност да поднесуваат барања за азил, но нивните шанси за добивање престој и заштита ќе бидат значително намалени.

    Досега, воените бегалци од Украина се примаа според Директивата за привремена заштита без поединечна проверка на секој случај, што овозможуваше брза и поедноставена процедура.

    Во иднина, украинските мажи ќе мора да приложат пасош со излезен печат од украинските власти или официјален документ со кој потврдуваат дека ја исполниле или се ослободени од воената обврска.

    Прочитај повеќе

    САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген

    19.09.2026 во 15:39

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.