Close Menu
Press24
    Најново

    Прв состанок во Софија: Македонија и Бугарија ги усогласуваат чекорите за изградба на железничкиот тунел на Коридор 8

    30.07.2026 во 18:21

    Отишол на тетовирање па убил човек – хорор го потресе регионот

    30.07.2026 во 18:18

    Пронајдена марихуана кај осуденичка во женското одделение во „Идризово“

    30.07.2026 во 18:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Прв состанок во Софија: Македонија и Бугарија ги усогласуваат чекорите за изградба на железничкиот тунел на Коридор 8
    • Отишол на тетовирање па убил човек – хорор го потресе регионот
    • Пронајдена марихуана кај осуденичка во женското одделение во „Идризово“
    • Пожар во Велика Британија на неколку километри од нуклеарна централа, евакуирани стотици имоти
    • (ФОТО) Еден месец Task Force за дрога: Запленети над 43 кг марихуана, кокаин и амфетамин, приведени 241 лице
    • Скопјанец физички нападнал девојка во автокамп во Струга
    • Кривична пријава за виничанец: Пукал со огнено оружје кон основно училиште, во неговиот дом пронајдени пушка и пригушувач
    • Драматично падна водостојот на Дунав: Војводина прогласи вонредна состојба, Србија презема итни мерки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Прв состанок во Софија: Македонија и Бугарија ги усогласуваат чекорите за изградба на железничкиот тунел на Коридор 8

    Прв состанок во Софија: Македонија и Бугарија ги усогласуваат чекорите за изградба на железничкиот тунел на Коридор 8

    30.07.2026 во 18:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска во Софија се одржа првиот состанок на работната група на Македонија и Бугарија, посветен на подготовка и реализација на изградбата на заедничкиот прекуграничен железнички тунел на Коридор 8, соопштија од министерството за транспорт.

    „Согласно Договорот, со работна група претседаваа замениците министри за транспорт на двете земји. Од наша страна претседаваше заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири, а од страна на Бугарија, заменик министерката Цвета Тимева. 

    Во состав, покрај заменик министерката Калтрина Зеколи Шаќири како ко-претседавач, учествуваат и претставници од Министерството за транспорт, Министерството за надворешни работи, од Министерството за внатрешни работи, од Министерството за одбрана, од Министерството за животна средина и просторно планирање, претставници од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура како и од Железници Транспорт АД-Скопје

    Заменик министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири потеницира дека изградбата на прекуграничниот железнички тунел претставува стратешки проект од регионално значење, проект што железнички ќе ги поврзе двете земји и ќе придонесе за побрз и поефикасен транспорт на стока и патници и можност за зголемување на економска соработка меѓу двете држави.

    На состанокот на кој се разговарaше за клучните активности поврзани со подготовка и изградбата на прекуграничниот тунел, двете страни ја потврдија својата посветеност за интензивирање на меѓусебната соработка и координација во сите фази од неговата реализација.

    На средбата беше постигната согласност за воспоставување јасна динамика на активностите, дефинирање на конкретни обврски на надлежните институции од двете земји, како и за продолжување на заедничките технички подготовки за изградба на прекуграничниот железнички тунел.

    Членовите на работната група ги утврдија следните чекори во насока на обезбедување на финансиска поддршка и техничката координација, при што беше потврдена заедничката определба за забрзување на реализација на овој стратешки инфраструктурен проект.

    Двете страни ја истакнаа важноста на Коридор 8 како еден од најзначајните европски транспортни коридори и ја потенцираа силната поддршка што Европската комисија ја обезбедува за неговата реализација.

    Во согласност со усвоените заклучоци, беше договорено следниот состанок на заедничката работна група да се одржи во Скопје, каде што ќе биде направен преглед на реализацијата на договорените активности и ќе се утврдат наредните чекори за реализација на проектот.

    Владата преку Министерството за транспорт останува целосно посветена на реализацијата на стратешките инфраструктурни проекти и на унапредувањето на железничката инфраструктура, во насока на регионалната поврзаност и интеграцијата во европската транспортна мрежа“, стои во соопштението од министерството за транспорт.

    Прочитај повеќе

    Пронајдена марихуана кај осуденичка во женското одделение во „Идризово“

    30.07.2026 во 18:01

    (ФОТО) Еден месец Task Force за дрога: Запленети над 43 кг марихуана, кокаин и амфетамин, приведени 241 лице

    30.07.2026 во 17:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.