Јавното претпријатие „Македонски шуми“ и Казнено-поправната установа „Затвор“ – Струмица потпишаа меморандум за меѓусебна соработка, со кој се предвидува ангажман на осудени лица во општокорисна работа.
Договорот го потпишаа директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов, и директорот на КПУ „Затвор“ – Струмица, Зоран Ристов, во присуство на директорот на Подружницата за шумарство „Беласица“ – Струмица, Никола Тренчовски.
Со потпишаниот документ е предвидено лицата кои издржуваат затворска казна да бидат активно вклучени во процеси на пошумување, расчистување на терени и други активности од областа на шумарството, со цел придонес кон заштитата на природата и јавниот интерес.
Од ЈП „Македонски шуми“ посочуваат дека оваа координација меѓу институциите ќе овозможи поефикасно спроведување на активностите на терен и конкретни придобивки за заедницата.

