Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе може да си купите стаж – добри вести за сите на кои им фали стаж за пензија

    15.09.2026 во 09:04

    Мајка ми ме нападна со тврд предмет – Скопјанка се јавила во полиција

    14.09.2026 во 23:49

    Пресметка: Колку ќе ве чини да си платите една година стаж за да одите во пензија

    15.09.2026 во 10:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стигна прогнозата, подгответе се за викендот – Какво време нè очекува
    • Работниците ќе добијат К-15 – Колку пари ќе легнат на сметките годинава?
    • Студентите добија практично искуство во општините: Денеска завршен настан
    • Октомври носи два продолжени викенди – Останаа уште неколку неработни денови
    • Посвежо утро, УХМР ги измери темературите во осум часот – Следи пресврт со времето
    • Кој ќе ја контролира вештачката интелигенција? Правници и експерти денеска во Скопје
    • Судот ѝ забранил да го контактира, но таа продолжила со повици и пораки – Македонка го демнела поранешниот партнер
    • Инцидент во Скопје: Две жени се степале, па се нафрлиле и на полицајците
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Светот се натпреварува за критични минерали – Македонија има ресурси, но останува надвор од трендот

    Светот се натпреварува за критични минерали – Македонија има ресурси, но останува надвор од трендот

    30.07.2026 во 15:013 Mins Read
    ФОТО: AI Generated/Freepik
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Глобалната трка за критични минерали дополнително се засили по геополитичките кризи и трговските неизвесности, покажува најновиот извештај на Меѓународната агенција за енергетика.

    Во документот се нагласува дека сигурниот пристап до минерални суровини станува еден од клучните предуслови за економски раст, индустриски развој и енергетска транзиција.

    И покрај тоа што Македонија располага со потврден потенцијал за бакар во Иловица и планира нови геолошки истражувања за антимон, земјата засега не е значаен дел од глобалните процеси за обезбедување критични минерали, кои сè повеќе ја обликуваат економската политика на водечките држави.

    „За клучните енергетски минерали како што се бакар, литиум, никел, кобалт, графит и ретки земни елементи, побарувачката продолжи силно да расте во 2025 година, првенствено поттикната од нивната зголемена употреба во енергетските технологии, вклучувајќи батерии за електрични возила и складирање на енергија, електрична инфраструктура како што се дистрибутивните мрежи, ветерните турбини и соларните фотоволтаични панели, како и трајни магнети со високи перформанси. Побарувачката за овие минерали порасна во просек од близу 10% годишно во последниве години, значително надминувајќи го растот на побарувачката за основни метали како што се алуминиум, олово и цинк, кој во просек изнесуваше околу 1% годишно“, се додава во извештајот.

    Во Македонија пак, функционираат четири металични рудници, од кои само еден е за бакар – „Бучим-Боров дол“, кој ги исцрпува капацитетите. Во минатото беа најавени инвестиции во Казандол и Кожуф, но тие не се реализираа. Сега, единствена сериозна останува најавата за рудник за бакар во Иловица. Проектот сепак се одолговлекува повеќе години и е мета на напади на активисти, иако експерти и инженери даваат поддршка за технолошкиот процес кој е предвиден во планот на инвеститорот, велејќи дека се употребуваат современи методи кои ја заштитуваат животната средина. Проектот доби поддршка и од локалната иницијатива „И здравје и работа“.

    „Во изминатиот период бројни професори, геолози, инженери и други експерти јавно зборуваа за современите технологии што денес се применуваат во рударството и за високите европски стандарди за заштита на животната средина. Нивните ставови заслужуваат внимание и почит, бидејќи се темелат на знаење, долгогодишно искуство и научни факти. Веруваме дека државата треба да ги слуша токму тие гласови. Одлуките за стратешки проекти не смеат да зависат од притисок од мала група на луѓе кои немаат ниту некакво образование ниту некакво искуство во рударството, туку од законите, стручните анализи и институциите. Само така може истовремено да се заштитат природата, здравјето на граѓаните и јавниот интерес“, соопштија од иницијативата.

    Додека е неизвесно дали Македонија ќе се приклучи кон глобалните текови, од Меѓународната агенција за енергетика истакнаа дека цените на основните метали како што се алуминиумот, бакарот, цинкот и калајот силно пораснале, поттикнати од слабите услови за снабдување, особено на пазарите на бакар и алуминиум. Цените на бакарот достигнаа рекордни максимуми на почетокот на 2026 година, надминувајќи 14.000 американски долари за тон во мај. Дополнително, голем предизвик беше одлуката дел од големите држави да создаваат залихи од овој метал.

    „Залихите на бакар и Лондонската берза на метали (LME) и Шангајската берза за фјучерси (SHFE) беа многу ранливи. Залихите на LME се намалија до крајот на 2024 година и поголемиот дел од 2025 година, бидејќи понудата се стесни, а очекувањата за побарувачката се подобрија. Очекувањето од увозните тарифи на САД, исто така, го охрабри движењето на залихите на бакар во магацините на COMEX во Соединетите Американски Држави“, се наведува во последниот извештај.

    Од Агенцијата исто така истакнаа дека во моментов најголемиот дел од синџирот на снабдување со критични минерали и ретки земни елементи зависи од Кина.

    Прочитај повеќе

    Стигна прогнозата, подгответе се за викендот – Какво време нè очекува

    16.09.2026 во 08:57

    Студентите добија практично искуство во општините: Денеска завршен настан

    16.09.2026 во 08:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.