Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски до Филипче: Во ваш мандат водата била бактериолошки неисправна во многу градови, а вие не сте презеле ништо-Обвинителството да се позанимава со овие наводи од 2019

    30.07.2026 во 13:06

    Зоран Герасимовски е нов в.д. претседател на скопска Апелација

    30.07.2026 во 12:24

    Топол бран до крајот на следната седмица, од среда температури над 40 степени

    30.07.2026 во 12:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски до Филипче: Во ваш мандат водата била бактериолошки неисправна во многу градови, а вие не сте презеле ништо-Обвинителството да се позанимава со овие наводи од 2019
    • Зоран Герасимовски е нов в.д. претседател на скопска Апелација
    • Топол бран до крајот на следната седмица, од среда температури над 40 степени
    • Ја видел полицијата, заклучил врата и им рекол да бегаат: Полицијата пронајде 15 жени од Колумбија, Албанија и Србија во Гостивар
    • Клековски: Се следат анализите за водата за пиење во Гостивар, ќе продолжат и викендов
    • Старец се самозадоволувал пред 8-годишно девојче во Пробиштип
    • Четворица мртви од западнонилска треска во Грција, 47 потврдени случаи
    • Затајувале данок: Финансова поднесе кривични за две лица и една фирма
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски до Филипче: Во ваш мандат водата била бактериолошки неисправна во многу градови, а вие не сте презеле ништо-Обвинителството да се позанимава со овие наводи од 2019

    Мицкоски до Филипче: Во ваш мандат водата била бактериолошки неисправна во многу градови, а вие не сте презеле ништо-Обвинителството да се позанимава со овие наводи од 2019

    30.07.2026 во 13:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ја коментираше состојбата со водата за пиење во Општина Гостивар, како дел од пратеничкото прашање на лидерот на опозициската партија СДСМ. Премиерот потсети на состојбите со водата за пиење во времето кога господинот Филипче беше министер за здравство и посочи:

    „Има луѓе од вашата пратеничка група од Прилеп. Извештај од Центар за јавно здравје во Прилеп од 01 февруари 2019 до 28 февруари 2019 и се однесува за градовите Прилеп, Крушево и Македонски Брод. Самиот извештај вели дека има неисправност на водата поради тоа што имаме бактериолошка неисправност и физичко-хемиска неисправност на примероците. Преземено, ништо. Следен извештај 01 март 2019 до 31 март 2019, повторно за истите градови, и повторно преземено ништо. Можам да ви ги редам многу вакви извештаи. Овде има цел сноп за Гостивар и за околината. Вие сте министер во тој период. Не само што ви гореа модуларни болници, туку како доктор вие не се држевте до заклетвата. Вие дозволувавте луѓето да конзумираат вода која во најмала рака кажано, претставувала ризик за здравјето на тие кои што ја конзумирале“.Мицкоски информираше дека бројот на неисправните примероци од водата во Гостивар се намалува и очекува дека гостиварци за неколку дена ќе имаат исправна вода и за пиење, а во исто време го повика Обвинителството да се позанимава и со наводите од минатите извештаи.

    Прочитај повеќе

    Зоран Герасимовски е нов в.д. претседател на скопска Апелација

    30.07.2026 во 12:24

    Топол бран до крајот на следната седмица, од среда температури над 40 степени

    30.07.2026 во 12:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.